ИЗЛЕЗЕ НА ВИДЕЛИНА: СДСМ во програмата ги потврдува двојазичноста и федерализацијата

СДСМ она што го најавува цело време го озакони во својата програма. Веќе нема ниту една дилема дека планот на опозицијата е не само двојазичноста во цела Македонија од градинка, туку и редефинирање со федерализацијата како крајна цел. Затоа тие предлагаат низа мерки кои се вовед во федерализирање на државата. Зад т.н. толеранција и соживот од мали нозе на СДСМ и Заев се крие официјализирањето на албанскиот јазик како службен јазик на цела територија на РМ. По теркот како што вети и самиот Заев дека секое македонско дете во РМ ќе учи албански јазик. Тоа е клучниот проект на СДСМ и Заев и ако веќе веруваат во него покоректно кон граѓаните на државата е да ја напишат отворено вистината, а не да се кријат зад веќе видените фрази и флоскули, сметаат експертите.СДСМ нуди отворање и редефинирање на организацијата на безбедносните структури, моделот на образованието, културната политика, образованието и локалната самоуправа.
Што значи јакнењето на локалната самоуправа?
СДСМ предвидува трансферирање на дел од надлежностите на полицијата околу одржувањето на јавниот ред и мир и сообраќајот од централната на локалната власт. Со други зборови формирање на локални полиции во Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга, Липково или Арачиново.
-На општините ќе им бидат пренесени сите надлежности што може да ги извршуваат поуспешно од централната власт, и тоа: дел од управните функции на МВР, дел од надлежностите на полицијата, итна медицинска помош, социјална заштита, центри за вработување, децентрализирање на установите од областа на културата, управување со земјоделското земјиште, шумите и пасиштата и др, се вели во програмата на СДСМ под точката Јакнење на локалната самоуправа.
Според експертите, јакнењето на локалната самоуправа во “Планот за живот на СДСМ” е вовед во кантонално уредување на земјата. Универзитетската професорка Тања Каракамишева- Јовановска смета дека секоја општина ќе делува како вид мини држава. Со широките овластувања на општините што СДСМ им ги пренесе од централно на локално ниво со Законот за локалната самоуправа, смета Каракамишева- Јовановска општините станаа мали “феуди” со овластувања во повеќе од 20 области: средно и основно образование, градинки, социјална грижа, комунални дејности, урбанизам, противпожарна заштита, издавање градежни дозволи, примарно и секундарно здравство и многу други овластувања.
-Со децентрализацијата што се направи во времето на СДСМ, најголем дел од централните политики и централните средства се симнаа на локално ниво, со што практично започна првата фаза од процесот на “швајцаризација” на македонското општество и на македонскиот систем. Тој процес посебно беше евидентен со официјализирањето и на други јазици што ги користат малцинските заедници во општините кои имаат најмалку 20% од населението кое е различно од македонското. Повторно процесот на воведување албански јазик како службен во општините со доминантно албанско население беше издејствувано од страна на СДСМ преку потпишувањето на Рамковниот договор и преку новата, пред се, етничка територијална поделба на државата. Со новиот план што сега  СДСМ го нуди на овие избори оваа партија оди уште два чекора натаму. Оваа партија ветува децентрализирање на овластувањата што по дефиниција се од државен карактер. Многу опасно пренесување на државните функции на општинските органи е она што СДСМ го планира со функциите на МВР, водењето на матична евиденција на граѓаните, издавање на сообраќајни и возачки дозволи, дел од надлежностите на полицијата, одржување јавен ред и мир и регулирање на сообраќајот на локалните патишта, смета универзитетската професорка.
Таа додава дека ова ветување на СДСМ практично значи формирање паралелни полиции во државата, што значи вовед во растурањето на унитарниот карактер на државата и нејзините присилни инструменти.
-Ако на државата и ги разводните инструментите за безбедност и јавна сигурност сте направиле нејзин политички масакр. Нема држава без силна и единствена полиција и армија. Според Планот на СДСМ секоја општина ќе има право да одлучува како ќе работи полицијата. Ако се знае дека полицијата е државен орган задолжен за јавната и националната сигурност и безбедност, планот на СДСМ преку децентрализирањето на полициските овластувања на општинско ниво е да се започне процесот на внатрешно засилување на општините со репресивни мерки што е вовед кон насилно редефинирање на државата . Принудните, репресивните механизми се обележје на државата и тие мора да останат под целосна контрола на централната власт. Ако се дозволи нивно пренесување на локално ниво тоа е знак дека се оди кон федерализирање или кантонизирање на државата што е неповратен процес, вели Каракамишева- Јовановска.
Што значи воведувањето на елементи на мултикултурно образование? 
-Првото место каде што треба да се градат вредностите на едно заедничко општество се детските градинки. Затоа, ќе воведеме елементи на мултикултурно запознавање за сите деца уште во најраната возраст, преку проекти и активности што развиваат чувство на слобода, толеранција и соживот, стои во 188-мата страна на програмата на СДСМ под точката воведување на елементи на мултикултурно обрзование.
Каракамишева Јовановска смета дека во Планот на СДСМ има мошне чудни тези и во делот на образованието.
-Велат ќе вовеле елементи на мултикултурно образование. Тие и сега постојат. Учењето на елементите на мултикултурното општество е дел од сите сегменти на образовниот процес. Чувството на слобода и толеранција како и соживот кое ќе го граделе СДСМ уште во детските градинки преку различни проекти се веќе видена работа која многу т.н. невладини организации платени од надвор, финансирани главно од Сорос ја форсираа оваа потреба во земјата. Да не се лажеме, зад т.н. толеранција и соживот од мали нозе на СДСМ и Заев се крие официјализирањето на албанскиот јазик како службен јазик на цела територија на РМ. По теркот како што вети и самиот Заев дека секое македонско дете во РМ ќе учи албански јазик. Тоа е клучниот проект на СДСМ и Заев и ако веќе веруваат во него покоректно кон граѓаните на државата е да ја напишат отворено вистината а не да се кријат зад веќе видените фрази и флоскули, вели Каракамишева- Јовановска.
Македонија и согласно Уставот и согласно законите не гради ниту развива етноцентрична култура
Во Планот на СДСМ стои дека инсистирањето на промовирање на културните вредности само на една етничка заедница ќе доведе до нужна реакција и на другите етнички заедници.
-Нема да создаваме етноцентрична култура, затворена меѓу четирите ѕида на сопствената етничка припадност, стои во Планот на опозициската партија.
-Не знам СДСМ во која земја живее. Дали зборува за РМ или за друга држава, некоја нивна виртуална земја. РМ и согласно Уставот и согласно законите не гради ниту развива етноцентрична култура. Ако се инсистира да се спроведе она што го ветува СДСМ, тогаш навистина ќе добиеме етноцентрична културна политика во која важни ќе бидат културните елементи само на Албанците, ама не и на Ромите, Турците, Србите и другите заедници што живеат во земјата. Македонија е пример на држава во светот каде секоја малцинска заедница има непречено право да го негува, развива, и унапредува своето културно богатство по што Македонија е позната и призната како успешна приказна во сите меѓународни извештаи и документи, велои Каракамишева- Јовановска.
Соживотот во Македонија е присутен и без Заев да го промовира
Според Планот на СДСМ, високи владини претставници, во мешан етнички состав, заедно ќе бидат присутни во мешаните етнички средини и ќе посетуваат етнички мешани училишта каде што, јавно и активно, ќе зборуваат за важноста на изградбата и на негувањето на толерантно и мултиетнички обединето општество во Македонија.
-Ако самите политичари ја негуваат оваа вредност, тогаш толерантноста, како важен елемент на мултукултурното општество, ќе јакне како важен чинител во мултиетничките средини, стои на страната 188 од Планот на СДСМ.
Според Каракамишева- Јовановска ова со едноставни зборови значи политизирање на учениците, директно мешање на политичарите во познатиот процес на “миење на умовите” на децата за политички потреби, и цели, наметнување на нова политика, политизирање на образованието преку промовирање на некои лични фикс идеи како обврска, а не како дел од нормалниот културен развој на општеството и личен развој на секој поединец.
-Вештачкото наметнување на тоа што треба да мислат и зборуваат најмладите во општеството е спротивно на концептот слобода и недискриминација за кои наводно се залага и бори СДСМ. Децата уште од мали ќе бидат учени за политика и за политички меинстрим кој не дава резултати ако се става, ако се натура од горе. Соживотот во РМ е присутен и без Заев да го промовира. Тој постои одамна и благодарение на него Македонија е се уште независна и самостојна држава, смета Каракамишева- Јовановска.
Зад т.н. толеранција се крие официјализирањето на албанскиот јазик
Во Планот на СДСМ се вели дека телото за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во земјата коешто, како орган што произлегуваше од духот и обврските на Рамковниот договор и од уставните амандмани, го создале за време на владата предводена од СДСМ, и истото покажало одлични почетни резултати во креирањето на една нова атмосфера во општеството.
-Тоа денес е целосно маргинализирано и не постои во општествениот живот на Македонија. Ќе ги зајакнеме капацитетите на оваа Управа (човечки, инфраструктурни, финансиски, политички) за таа да може да ја врши својата функција со полна сила и да биде релевантен чинител во културниот систем на земјата. На нашата земја и треба имплементација, а не ревизија на Рамковниот договор, стои во Планот на СДСМ.
Универзитетската професорка Каракамишева- Јовановска повторува дека зад таканаречената толеранција и соживот СДСМ и Заев се крие официјализирањето на албанскиот јазик како службен јазик на цела територија на РМ, по теркот како што вети и самиот Заев дека секое македонско дете во РМ ќе учи албански јазик.
-Тоа е клучниот проект на СДСМ и Заев и ако веќе веруваат во него покоректно кон граѓаните на државата е да ја напишат отворено вистината а не да се кријат зад веќе видените фрази и флоскули, смета универзитетската професорка.СДСМ нуди отворање и редефинирање на организацијата на безбедносните структури, моделот на образованието, културната политика, образованието и лока

Пронајдете не на следниве мрежи: