Дел од жителите на кумановската населба Средорек се пожалија на нарушување на изборниот процес.Обвинуваат дека непознати лица со лажни ветувања насочени токму кон најзагрозените се обидуваат да ја искористат нивната судбина за да го добијат нивниот глас на изборите.
Станува збор, како што сведочат, за прекин на решенија по однос на надомест за социјална помош, трето дете и средства кои што и примаат како надомест за плаќање на сметките.
-Луѓе од СДСМ собираат гласови од луѓе кои земаат средства за трето дете и социјална помош. И било кажано дека ќе им бидат вратени договорите. Собрани се 110 решенија од ова маало. Денеска повторно шетаа, за уште да соберат. Го лажат народот само за да земат решенија и гласови. Од мака народ ќе поверува. Немаат плата немаат ништо и мора да веруваат, вели кумановецот.
-Вчера дојдоа двајца, не знам кои беа, некои министри од СДСМ и собраа решенија од укинато социјално. Тие ни ветија дека ќе ја повратат социјалната помош, иако јас моето решение не го дадов на никого. Јас не им поверував, но некои поверуваа и зедоа многу решенија, вели друг кумановец.
-Вчера дојдоа кај нас каде што собраа 120 решенија и им ветија дека ќе им биде вратена социјалната помош. Во тоа јас не верувам бидејќи даваат лажи ветувања, вели кумановецот.Обвинуваат дека непознати лица со лажни ветувања насочени токму кон најзагрозените се обидуваат да ја искористат нивната судбина за да го добијат н