Дисциплинска постапка против 7 службеници од Општина Струмица кои снимале пропаганден материјал за СДСМ во работно време

Конечно на виделина изгледоа резултатите од извршениот инспекциски надзор на Државниот управен инспекторат во Општина Струмица, во кој е опишан инспекцискиот наод и донесените инспекциски мерки.Државниот управен инспекторат до градоначалникот на Општина Струмица Зоран Заев достави решение за отстранување на недостатоци во канцелариското работење на Општина Струмица и Иницијатива за поведување на дисциплинска постапка за дисциплински престап против седум административни службеници вработени во Општина Струмица.
Група граѓани од Струмица го известија Државниот управен инспекторат дека седум административни службеници вработени во Општина Струмица, на 15-ти ноември 2016 година во работно време учествувале во подготовка и снимање на партиски спот на СДСМ наменет за изборната кампања.
Управниот инспектор постапувајќи по пријавата извршил вонреден инспекциски надзор во организационата единица за управување со човечки ресурси на Општина Струмица и утврдил низа неправилности во канцелариското работење на општината, а врз основа на писмени изјави на повеќе граѓани како докажан го утврдил фактот дека лицата наведени во пријавата, во работно време снимале партиски спот наменет за изборната кампања на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Со снимањето на партиски пропаганден спот во работно време направиле дисциплински престап во смисол на членот 73 став (1) точка 3 од Законот за административни службеници, за кој според членот 74 став (2) од наведениот закон, меѓу другото може да се изрече дисциплинска мерка престанок на работен однос, Врз основа на вака утврдената фактичка состојба инспекторот донел решение со кое го задолжил градоначалникот на Општина Струмица Зоран Заев во определен рок да ги отстрани недостатоците во канцелариското работење и доставил до него Иницијатива за поведување на дисциплинска постапка за дисциплински престап направен од пријавените, која градоначалникот е должен да ја процесуира во постапка пропишана со Законот за административни службеници и во рок од 30 дена да го извести инспекторот за преземените дејствија по наведената иницијатива.
Државниот управен инспекторат им укажува на административните службеници и вработените во јавниот сектор, во работно време да не учествуваат во било каков вид на партиски активности, затоа што како орган надлежен да врши инспекциски надзор над примената на Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор, ургентно ќе реагира на секоја пријава во која како веројатни се наведени било какви облици на дисциплинска одговорност врзани со партиски активности во работно време.
Воедно апелираше до политичките субјекти, особено до оние кои континуирано укажуваат дека врз државната администрација не треба да се вршат притисоци за учество во партиски активности, а сепак организираат партиски активности во работно време и ги задолжуваат административните службеници да земат активно учество во нив, да се воздржат од вакви дејствија затоа што товарот на последиците од ваквото инволвирање ќе го почуствуваат инволвираните административни службеници и вработените во јавниот сектор.Државниот управен инспекторат до градоначалникот на Општина Струмица Зоран Заев достави решение за отстранување на недостатоци во канцелариското ра

Пронајдете не на следниве мрежи: