Груевски: Нови 70.000 работни места, минимална плата од 14.000 денари, инвестиција во Рурални развојни зони

Новата програма на ВМРО-ДПМНЕ на повеќе од 500 страници, со детални пресметки и рокови, предвидува отворање на нови 70.000 работни места за 4 години, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од Ресен.До 2020 година, додава, планирано е невработеноста да се намали на околу 17-18%.
-Во новата програма предвидено е постепено зголемување на минималната плата, која ние ја воведовме. СДСМ не ја воведе иако синдикатите тоа го бараа од неа. Предвидено е постепено зголемување до 2020 година, минималната плата да се зголеми на 14.000 денари, додека пак за кожарската и текстилната индустрија на 13.500, рече Груевски.
 
10 години ослободување од давачки, за инвестиција во Рурални развојни зони
Со проектот Рурални развојни зони, предвиден во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, се планира заживување на руралниот развој.
Ова е нов проект, кој ќе се спроведе веднаш по изборите, рече денеска од Ресен, лидерот на партијата, Никола Груевски.
-Со проектот сите села и градови кои имаат под 10.000 жители ќе добијат исти или подобри услови за бизнис од оние во слободните економски зони. Секое село во Македонија и град со под 10.000 жители ќе може да стане слободна економска зона. Во наредните 5 години, колку што ќе важи проектот, секој кој ќе инвестира таму ќе има 10 години ослободување од данок на добивка, персонален данок, како и 50% од придонесите нема да ги плаќаат. Станува збор за 1650 села во Македонија кои ќе заживеат, рече Груевски.
Се предвидувам додава тој, таму каде некој ќе изгради капацитет, доколку нема пат, тоа да го изгради државата. Исто се однесува и доколку нема канализација, водовод, сето тоа ќе го гради државата.
-Ќе бидат ослободени и од плаќање на комуналии. За секој вработен ќе следат 2000 евра грант, а доколку биде вработен стечаец, ќе има грант од 4000 евра, со обврска вработените да ги задржи на работа најмалку 5 години. Кажете им на сите кои имаат бизнис идеја, дека секој кој ќе инвестира во селата или градовите со под 10.000 жители 10 години ќе биде ослободен од сите давачки, порача Груевски од Прилеп.
Оваа мерка очекуваме, додаде тој, да ја искористат домашните инвестирате, иако како што додаде е отворена и за странските.До 2020 година, додава, планирано е невработеноста да се намали на околу 17-18%.
-Во новата програма предвидено е постепено зголемување на

Пронајдете не на следниве мрежи: