Судовите се редовна цел на притисок и омаловажување од членовите на СДСМ, А поведени од нивниот лидер Зоран Заев кој вели дека не го почитува Судот, по сквернавењето на објектот на судот, сега физичкото насилство СДСМ го внесе и во судската зграда, пишува порталот Република.Имено, пред канцеларијата на претседателот на Основниот суд Скопје 1, околу пладне, поточно во 12,30 часот, Горан С. раководител на човечки ресурси во судот, ја малтретирал и сериозно и се заканувал на Паула Костадиновска, советник и портпарол за односи со јавност во истиот суд. Како причина за малтретирањето и заканите се наведува претходно меѓусебно нетрпение, стои во текстот на Република.
Горан С. роден 1977 од Скопје, е лице кое е блиско до раководството на СДСМ. Тој е чест учесник на протестите организирани од опозицијата, каде пак, секогаш е во близина на лица од раководството.
Меѓу другото, тој е и близок со судијата Иван Џолев, истиот судија кој што поднесе тужба против претседателот на Кривичниот суд Панчевски за наводно незаконито дејствие, дело кое се слулчило пред две години.
Насилството кое СДСМ го демонстрираше пред судовите сега се преселува внатре откако Заев најави дека „Ќе ја растресеме Македонија од главечки наопачки, ќе го распуштиме судството и ќе има реизбор во судството“.
Имено, пред канцеларијата на претседателот на Основниот суд Скопје 1, околу пладне, поточно во 12,30 часот, Горан С. раководител на човечки ресурси