Најголемата опозициска партија СДСМ во градот со кој што раководи нејзиниот лидер Зоран Заев најгрубо ја злоупотребува администрацијата во политички цели, спротивно на Законот за вработени во јавниот сектор и спротивно на Законот за административни службеници.Според информации до кои дојдовме, уште во текот на вчерашниот ден, административци вработени во Општина Струмица добиле наредба во 09:20 часот утринава да се појават во Градскиот парк во Струмица за потребите на кампањата на СДСМ, односно за снимање на промотивен спот на Зоран Заев.
Освен административците во општината, истата наредба стигнала и до наставници во основните и средните училишта на Општина Струмица. Била испратена и втора порака дека снимањето ќе продолжжи во 15:30 часот во Домот на Култура, што исто така е во работно време.
Дел од административците се револтирани за ваквиот однос на СДСМ кон нив, но се плашат да го кажат тоа јавно бидејќи сметаат дека Заев нив ќе ги санкционира.
Камерите кои излегоа на терен за да ја проверат вистинитоста на оваа информација која беше лиферувана од страна на дел од административците, се уверија дека поголем број на граѓани, во колони беа насочувани во градскиот парк и мирно чекаа да им бидат дадени наредбите како да се однесуваат за време на снимањето на спотот на Заев.
На терен беа видливи и возила со српски регистерски ознаки, но нема потврда дали станува збор за агенцијата „Раскин и Хант“, односно популарно наречените ‘“сејачи на скапа магла“, Иван Бендер и Милан Шчекиќ, кои се зближија со Заев и му ги нудат нивните услуги.
Ваквото злоупотребување на администрацијата во политички цели е спротивно на Законот за вработени во јавниот сектор, како и спротивно на Законот за административни службеници.
–Вработените во текот на работното време не смеат директно да учествуваат во изборни активности или во други јавни настапи од таков вид, се вели во член 3 од Законот за вработени во јавниот сектор.
Во член 3 од Законот за административни службеници стои дека искажување и застапување на политичко уверување во вршењето на работните задачи, учество во изборни активности или други јавни настапи од таков карактер во текот на работното време претставува дисциплински престап.
-Искажување и застапување на политичко уверување во вршењето на работните задачи, учество во изборни активности или други јавни настапи од таков карактер во текот на работното време, доведување во прашање на својот статус на административен службеник со вршење на партиски активности, носење или истакнување на партиски симболи во работната просторија, стои во членот 3.
Според Кодексот на административни службеници, административниот службеник не го застапува и изразува своето политичко уверување во вршењето на службените задачи и не врши политички активности, што можат да ја поткопаат довербата на граѓаните во администрацијата и во институциите од јавниот сектор.Според информации до кои дојдовме, уште во текот на вчерашниот ден, административци вработени во Општина Струмица добиле наредба во 09:20 часот утр