По осум децении во храмот „Св. Јован Крстител“ во Скопје ќе биде насликан фрескоживопис, на површина од 478 метри квадратни. Изведувањето на работите од стручниот тим во внатрешноста на црквата е почнато, а рокот за завршување е 2017 година.Вредноста за изработка на фрескоживописот е 4 милиони денари, донација од Фондацијата „Илија Камчев“.
Во следната фаза, Фондацијата ќе го финансира и партерното уредување, како и надворешниот простор на црквата.
– Горди сме и благодарни што имаме чест да ја поддржиме иницијативата за реконструкција на црквата „Св. Јован Крстител“. Изработката на фрескоживописот ќе остане како симбол на едно време, сведок на нашето постоење и вреден артефакт во поновата историја. Со помош на уметноста ќе може да го изразиме заедничкиот стремеж кон убавото и возвишеното – тоа е наша чест, обврска и подарок за идните поколенија, изјави претседателот на Фондацијата „Илија Камчев“ Јордан Камчев.
Од Македонската православна црква-Охридска Архиепископија изразуваат благодарност за донацијата.
– Благодарни сме за оваа богољубива и родољубива постапка на г. Камчев и фондацијата што ја предводи. Вложувањето во едно вакво дело, претставува вложување во вековната духовна историја на македонскиот народ, во неговото минато, но и во иднината. Зашто ако не се сеќаваме на нашето духовно и културно минато и ако не го унапредуваме и создаваме, според примерот на нашите предци, и во иднината, тогаш и не можеме да размислуваме за нашиот опстој и за нашата уникатност, вели архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан.Вредноста за изработка на фрескоживописот е 4 милиони денари, донација од Фондацијата „Илија Камчев“.
Во следната фаза, Фондаци