Во име на македонските Американци, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) изразува искрени честитки на Вашата историска победа на Изборите за 45-ти претседател на Соединетите Американски Држави, стои во честитката на ОМД до Доналд Трамп.Половина милион Американци имаат македонско потекло. Охајо, Мичиген, Илионис, Индијана, Пенсилванија, Њу Јорк и Њу Џерси се дом на значителен број на Македонско-Американски заедници.
Се надеваме и очекуваме соработка со Вас, г-дин Трамп, иден потпретседал Мајк Пенц и Вашата Администрација во целост со цел проширување и продлабочување на врските помеѓу САД и Република Македонија. Договорот за стратешко партнерство помеѓу САД и Република Македонија од 2008 година, под покровителство на Претседателот Џорџ Буш претставува платформа која врз основа на Вашето лидерство може да ги прошири нашите заеднички интереси во областа на безбедноста, инвестициите и трговијата. Исто така, се надеваме дека во иднина Македонија ќе биде вклучена во Безвизната програма на САД.
Македонија е силен сојузник кој застапува мир и стабилност во регионот кој страда од последиците на војни и социо-економска нестабилност. Македонија е Балкански стратешки еквивалент на Израел, Југоисточната Европска стабилност или нестабилност е длабоко поврзана со Македонија. Во Република Македонија на 11-ти Декември, 2016 година ќе се одржат историски значајни избори кои се клуч за нејзината демократија.
Македонија е еден од најсилните и најсигурните сојузници на САД. Иако Македонија не е член на НАТО, нејзините војници секогаш ги штителе војниците на САД во текот на ИСАФ мисијата во Авганистан, во Ирак и беа логистички центар за мисиите на НАТО во Косово.
Пред дванаесет години, Претседателот Буш ја призна Македонија под нејзиното уставно име и ние длабоко се надеваме дека со Вашата помош и лидерство, Обединетите Нации конечно ќе ги прогласат таканаречените напори за “преговори за името” како ништовни и неважечки. Исто така ние имаме голема надеж дека Вие ќе помогнете во обезбедувањето на членство на Македонија во НАТО и ќе поддржите еднакви човечки и верски права и слободи на малцинствата во Грција, вклучувајќи ги Македонците и лицата од Македонска Православна вера.
Уште еднаш, честитки. Се надеваме на нова историска ера на пријателство помеѓу САД и Македонија и посакуваме една од Вашите први посети надвор од САД да биде во Македонија.Половина милион Американци имаат македонско потекло. Охајо, Мичиген, Илионис, Индијана, Пенсилванија, Њу Јорк и Њу Џерси се дом на значителен број