Заменик-министерот за внатрешни работи Оливер Андонов денеска престојуваше во работна посета на Секторот за внатрешни работи во Охрид, со цел запознавање на безбедносната состојба во секторот и негово информирање за подготовките околу спроведувањето на престојните избори.-Со оглед што за десеттина дена започнува предизборната кампања, очекувам сите едниници на МВР да бидат подготвени за извршување на редовните и дополнителните задачи околу обезбедувањето на јавните настани и секако спроведување неопходни обуки за службениците во однос на постапување на денот на изборите, на избирачките места и особено постапувањето кон нарушителите на изборниот процес и предизвикувачите на кривични дела што се однесуваат на изборите, рече Андонов.
Тој нагласи дека за таа цел МВР подготвува и дополнителни обуки за полициските службеници, а за обезбедувањето на изборите ќе бидат вклучени сите расположиви ресурси на службата.
Што се однесува на безбедносната состојба во рамки на реоните што се под ингеренција на СВР Охрид, Андонов рече дека е редовна, активностите се одвиваат непречено, понекогаш со зглемини активности, но се во границите на нормалното полициско работење.
Андонов во изјавата за медиумите го повтори својот став дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски треба да поднесе оставка на функцијата со забелешка дека со неговите активности сериозно наштетува на функционирањето на МВР.
– Она што е премногу сомнително во однесувањето на Спасовски е неговата недефинираност дали се однесува како технички министер за спроведување на изборите, дали како генерален секретар на СДСМ или како кандидат за пратеник односно носител на листа, рече Андонов.
Тој истакна дека Спасовски ја злоупотребува фиункцијата и наместо да се насочи кон спроведување на изборите, тој врши прекршувања на законите, противзаконити промени во МВР, злоупотреба на МВР во информирањето на јавноста, што според Андонов било демонстрирано во изнесувањето информации во врска со случајот со сообраќајната незгода на заменик-министерот за труд и социјална политика.-Со оглед што за десеттина дена започнува предизборната кампања, очекувам сите едниници на МВР да бидат подготвени за извршување на редовните и доп