Заменичката на Зоран Заев, Радмила Шекеринска, со цел да го мотивира разлутеното членство, се служи со пример на изборите во САД и прави споредба со претстојните избори во Македонија.Имено, Шекеринска истакна дека иако анкетите покажувале дека Хилари Клинтон е со предност пред Трамп во довербата, таа на изборите беше поразена. Заменичката на СДСМ направила и споредба со анкетите во Македонија, па се надева дека иако ВМРО-ДПМНЕ со години ужива далеку поголема доверба кај граѓаните, сепак е можно СДСМ да излезе како победник.
Шекеринска е свесна за предноста која владејачката партија ја ужива во рејтингот, но со нејзиниот лидер повторно некоординирано настапуваат во јавност. Тие меѓусебно се демантираат во изјавите. Додека Шекеринска признава дека ВМРО-ДПМНЕ води на сите анкети, Зоран Заев вели дека предноста е во рацете на СДСМ. Како што се надева дека ќе победи тој тука, така не криеше и дека се надеваше на победа на Клинтон.
Заев јавно застана и против новиот претседател на Америка. Тој изјави: „Навивав за Демократите, се надевав дека Хилари ќе победи“.
Заев беше гостин во 24 Анализа, а домаќинот го замоли да даде своја прогноза за изборите во Америка кои тукушто беа започнати.
-Навиваме ние за демократите. Се надеваме дека Америка ќе има женски претседател, истакна Заев.Имено, Шекеринска истакна дека иако анкетите покажувале дека Хилари Клинтон е со предност пред Трамп во довербата, таа на изборите беше поразена. З