Здружението за културно обединување на Бошњаците од Република Македонија „АВАЗ“ потпиша Меморандум за соработка со „Коалицијата за подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ за заеднички настап на претстојните парламентарни избори во Република Македонија.– Почестени сме што како невладина организација, имаме можност да ги застапуваме правата на Бошњаците во Коалицијата, се наведува во соопштение од Здружението.
Од „АВАЗ“ велат дека по разговори за многу заеднички теми заклучиле дека работите одат во правилна насока како и дека има уште работа на подобрување на состојбите.
Образованието, јазикот, културата, но и инфраструктурните проблеми се едни од најзначајните области на кои треба да се работи. Како не помалку важни се и вработувањата, пред сѐ на младите и школувани кадри. Покрај тоа се изрази поддршка за политиката на привлекување на странски инвестиции на актуелната влада, но и во јавната администрација каде застапеноста на Бошњаците не е соодветна и правична во однос на податоците од последниот попис на населението.
„АВАЗ“ е активно вклучен во сите аспекти на културниот живот и општественото делување во Република Македонија и е присутен во сите региони каде што живеат Бошњаците за да се направи стратегија за понатамошно делување.
– Вклучувањето во политичките токови ќе даде еден дополнителен импулс во остварувањето на нашите долгорочни цели, се вели во соопштението од „АВАЗ“.
Од друга страна, наведуваат од Здружението, СДСМ продолжува да ги изневерува Бошњаците. По три години стагнација и без кандидат Бошњак од опозицијата во собранието, СДСМ продолжува со игнорантната политика кон етничките заедници.
„АВАЗ“ исто така се противи и на контроверзниот избор на професорот од редот на таканаречениот „Сојуз со граѓаните“, и оценува дека членовите и активистите Бошњаци во СДСМ биле изиграни во внатрепартиските превирања. Покрај незадоволството на граѓаните од професорот и листите за пратеници предложени од СДСМ, можеби пофрапантни се изјавите од предложениот професор дека на изборите нема да ги претставува Бошњаците туку граѓанството во целина. Оваа изјава по ништо не се разликува од дејствувањето на пратениците Бошњаци на листата на СДСМ во минатото кои како поединци се грижеа само за своите лични интереси и интересите на СДСМ, притоа занемарувајќи го интересот на Бошњаците.
– Во периодот на премрежија лојалноста кон државата е, и треба да биде највисока вредност за сите граѓани. Отвореноста кон различностите што „Коалицијата за подобра Македонија“ во која се придружуваме ги пружа е за големо поздравување. Ги покануваме сите кои ѝ мислат добро на нашата заедничка држава да ни се придружат во нашата визија и крајна цел за подобро утре и просперитет на сите граѓани во Република Македонија, пишува во соопштението од „АВАЗ“.– Почестени сме што како невладина организација, имаме можност да ги застапуваме правата на Бошњаците во Коалицијата, се наведува во соопштен