Продолжуваме да работиме на еден од најголемите проекти во историјата на македонскиот здравствен систем е изградбата на Клиничката болница во Штип, најави денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, говорејќи за проекти во здравството.-На овој комплексен проект од витално значење за жителите на Источна и Југоисточна Македонија, посветено работевме во изминатите две години, за што говори и фактот дека само проектната документација опфаќа околу 30.000 страници. Капацитетот на новата Клиничка болница ќе изнесува 354 болнички кревети, од кои 300 болнички кревети ќе бидат сместени во новиот болнички објект. Бенефит ќе имаат над 200.000 жители од источниот регион на Македонија кои гравитираат кон болницата. Вкупната инвестиција за овој проект е приближно 56 милиони евра во бруто износ каде што спаѓаат и средствата за градежни работи, тоа се 37 милиони евра, како и средствата за нова опрема, проектирање и други инфраструктурни зафати. Клиничката болница во Штип ќе прерасне во еден од најсовремените медицински центри во поширокиот регион надвор од Македонија, кој ќе постави нови стандарди во македонскиот здравствен систем. Рокот за изградба на објектот е до крајот на октомври 2017 година, обелодени Груевски.
Лидерот на владејачката партија потенцира дека започнато е реновирање и адаптација на објектот на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, со што е опфатено и преселувањето на Заводот за кардиоваскуларни заболувања.
Инвестицијата е во вредност од 215 милиони денари,а рокот предвиден за реализација е јули наредната година.
-Во тек се и градежните работи за дооформување и адаптација на постојниот болнички објект на Општа болница Струмица. Од оваа инвестиција корист ќе имаат над 230.000 жители од регионот на Радовиш, Валандово, Дојран, Богданци, Пехчево, Берово. Инвестицијата е во вредност од 257 милиони денари. Овој објект е изграден до фаза карабина во далечната 1985 година. Според потребите во објектот предвидено е да се сместат следните содржини: Ургентен центар, приемен дел за стационирани пациенти, стационари за различни медицински специјалности, како и оперативниот блок – составен од 3 операциони сали за општа и дигестивна хирургија, за трауматолошко-ортопедски интервенции и други чисти оперативни зафати, урологија и пластична хирургија, офталмологија и ОРЛ, како и интензивна нега, централна стерилизација, и лабораторија за патологија. Рокот за реализација е октомври 2017 година. Сакам и да истакнам дека веќе во завршна фаза, завршени се 80% од работите, е реновирањето и адаптацијата на објектот на Општата болница во Прилеп, во вредност од 70 милиони денари. Ова е прва комплетна реконструкција на болницата од 1980 година, од која корист ќе имаат околу 120.000 жители. Започнавме со градежни работи за реконструкција на Општата болница во Велес, со што ќе овозможиме унапредување на квалитетот на здравствените услуги во оваа јавна здравствена установа. Ќе се изврши комплетна замена на фасадата со енергетски ефикасна фасада, реконструкција на покривот на објектот, реконструкција на болнички одделенија, како и изградба на нов оддел за интензивна нега во одделението за интерна медицина, со цел дополнително подигнување на стандардите во оваа област. Инвестицијата е во вредност од 21 милион денари. Реконструкцијата ќе заврши следната година, истакна Груевски.
Тој денес говореше и за други нови инфраструктурни проекти кои ќе бидат реализирани во претстојниот период.
-Ќе се изврши комплетна реконструкција на Градската општа болница „8-ми Септември“ која е еден од столбовите на болничката здравствена заштита во Скопје и поширокиот регион. Се работи за објект кој е финално изграден во 1971-ва година. Реконструкцијата ќе опфати комплетно реновирање на фасадата и замена на сите прозорци во установата, реновирање на операционите сали и одделот за интензивна нега, реновирање на амбулантите, како и изградба на дополнителни амбуланти согласно потребите и динамиката на амбулантски прегледи кои секојдневно се реализираат во оваа јавна здравствена установа. Инвестицијата за оваа болница е во износ од 260.000.000 денари. Во однос на бенефитот од овој проект, сакам да потенцирам дека во континуитет се зголемува бројот на услуги што ги обезбедува ГОБ „8-ми Септември“. Во изминатите неколку години за над 200 проценти е зголемен бројот на амбулантски прегледи. Оваа година се реализирани над 200.000 амбулантски прегледи, споредено со 2009 година кога биле прегледани 65.000 амбулански пациенти. Исто така, процентот на хоспитализирани пациенти бележи пораст од над 100 проценти, така на пример, во 2009 година имало околу 6.500 хоспитализации, а годинава тој број е над 14 илјади хоспитализации. Рокот за реализација на вој проект е 2018 – 2020 година. Започнаа градежните работи за оформување бункер за акцелератор во рамки на Градската општа болница „8 Септември“, со што ќе овозможиме поголема достапност на радиотерапијата за лицата со малигни заболувања. Само оваа инвестиција е во вредност од 50.000.000 денари. Покрај тоа, продолжуваме да вложуваме во најсовремена инфраструктура за терциерното ниво на здравствена заштита – универзитетските клиники каде се третираат најкомплексните и најсложените здравствени состојби, вели Груевски.
Тој најави и друг многу важен градежен зафат, а тоа е проширување и унапредување на условите за третман на пациентите во Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, со што ќе се придонесе кон значително унапредување на условите за третман и лекување на пациентите со малигни заболувања, а со тоа и подигнување на квалитетот на здравствените услуги во областа на радиотерапија и онкологија.
-Тоа значи воведување на нови содржини за лекување и третман на лицата со малигни заболувања, од што корист ќе има и медицинскиот кадар, и пред сè пациентите. Оваа инвестиција ќе изнесува 20 милиони денари. Ова е инвестиција што ќе овозможи корист за една поголема категорија пациенти, имајќи предвид дека на годишно ниво минатата година на оваа Клиника се реализирани 77.000 здравствени услуги вклучувајќи хистопатолошки услуги, лабораториски, биохемиски услуги, болнички третмани итн. Воедно со оваа инвестиција ќе се зголеми болничкиот капацитет на Клиниката за над 60 места, рече Груевски.
Се планира и комплетно реновирање на објектот на Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.
-Ќе биде даден посебен фокус на поставување на автоматски систем за повик на пациент во амбулантите, поставување систем за компримиран воздух и вакум до секоја соба за пациенти, како и реновирање на стационарот и амбулантите. Нашата намера е постојано унапредување на условите за лекување на пациентите со инфективни заболувања, и за таа цел ќе инвестираме 200 милиони денари само за градежните работи на оваа Клиника. Ова е една од клиниките со прилично голема фреквенција на пациенти, во која според податоците во 2015 година се прегледани над 21.400 пациенти, а вкупно 2.900 пациенти се хоспитализирани. Тоа значи дека инфраструктурните зафати ќе овозможат корист за огромен број пациенти. Нашите инвестиции не застануваат тука и не застануваат само кај главниот град, туку продолжуваме да инвестираме во секој град во државата, со цел континуирано унапредување на достапноста на здравствените услуги до секој еден граѓанин, без оглед дали живее во урбана или рурална средина, рече тој.
Груевски најави дека ќе биде извршено комплетно внатрешно реновирање на објектот на Клиничка болница Битола, инвестиција вредна над 10 милиони евра.
-Ова е болница кон која гравитираат жители од поширокиот регион на Југозападна Македонија и оттука е многу важно да инвестираме во унапредување на условите за третман и лекување на пациентите. Во оваа болница во 2015-та година на годишно ниво се реализирани 315.000 амбулантски прегледи, а болнички се третирани над 15.000 пациенти. Ова само објаснува дека конкретна корист ќе имаат голем број на граѓани од реконструкцијата која ќе ја превземеме. Реновирањето на битолската болница ќе опфати: во првата фаза – реновирање на стационарот и амбулантите, а во втората фаза реновирање на операционите сали и инфективното одделение. Ова е прва внатрешна комплетна реконструкција на болницата, која датира од 70-тите години на минатиот век. Почеток на реализација на прва фаза ќе започне во 2018 година.
Ќе извршиме реконструкција на објектот на Психијатриската болница во Демир Хисар, со цел унапредување на условите во установата според сите стандарди на болнички објекти од ваков карактер. При проектирањето, особено внимание ќе се посвети на стандардите, со висок приоритет кон грижата за менталното здравје имајќи предвид дека тоа е една од клучните компоненти која директно влијае на успешноста во лекувањето, рече тој.
За оваа инвестиција се предвидени 24,6 милиони денари. Рокот на реализација е крај на 2017 година.
-Предвидуваме реализација на втората фаза од целосната реконструкција и адаптација на објектот на општа болница во Кичево, со што ќе се комплетира новиот болнички објект на површина од 7.000 квадратни метри, кој што ќе содржи пет одделенија од секундарната здравствена заштита, десет специјалистички и четири дневни болници. Само ќе напоменам дека објектот на Кичевската болница беше стар 80 години. Сега објектот се гради согласно најсовремените стандарди, со поставување нови современи лифтови, тоалет во секоја соба, простран паркинг простор и целосно партерно уредување на околината на овој објект. Реконструкцијата ќе започне наредната година, а ќе заврши најдоцна во 2019-та година за што ќе бидат инвестирани 130 милиони денари, рече тој.
Груевски потенцира дека ова ќе биде значителен инвестициски циклус во македонското здравство.
Тој објасни дека ова ќе биде инвестициски бран кој треба да надомести многу од она што со децении било пропуштено или воопшто не било реализирано до крај. По повеќе години и децении имаме ситуација на големи вложувања во здравството и трендот силно ќе продолжи.
– Нашата цел е да решиме што е можно повеќе проблеми и да придонесеме за подобар и подостоинствен живот. Од нас нема да слушнете празни зборови, обвинувања и клевети, затоа што тоа не е наша одлика, туку конкретни и издржани дела. Затоа што ние имаме образ и знаеме како преку многу работа, труд и посветеност да создадеме дела. Ние и така ќе продолжиме, заклучи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.-На овој комплексен проект од витално значење за жителите на Источна и Југоисточна Македонија, посветено работевме во изминатите две години, за што