Во светот сите се тепаат за место под сонцето, но не и во Македонија. Јок. Тука, барем во СДСМ и во филијалите како СЈО, битката е за сенката. Онаа на чадорот. А, на Јанева сенката ѝ бега. По Хан, пристигна уште едно предупредување и барање од ЕУ да „дигне рачна“ со антивмровштината, бар до избори. Истовремено, ЕУ го намали изборот на СДСМ. Ќе мора да ги признае изборите на 11 декември. Уште една причина за панична активација на услугите на СЈО. Кога Јанева е вашиот единствен избор или кога немате избор, а изборите доаѓаат…Дали поради нејзината физичка корпулентност или поради очигледната партизираност и непотизам, но за Јанева има сѐ помалку место под „чадорот.“ Да, уште една ендемска појава во нашата чудесна опозиција. Во светот сите се тепаат за место под сонцето, но не и во Македонија. Тука, дел од структурите бијат битка за место под сенката. А таа, посакувана сенка, се намалува пропорционално со глупирањето на обвинителите и истражителите на алијас Kathy Jeane, велат истите оние врачеви кои опозицијата ги консултира за секое следно дејствување и „дебело“ ги плаќа за услугата, макар и погрешно срочена. Утната, како и секогаш. Дузина племенски врачеви и друиди од типот на Калајџиев, Грчев, Тортевски, Бургија итн. Башка, сите тие сосема случајно вработени во СЈО. Класика обвиена со премногу совпаѓања и коинциденции, како и секогаш кога зборуваме за дејствувањето на СДСМ. Шегата и тотемот настрана (со ликот на Тито, Сталин или Бранко, изберете самите, а може и трите едно под друго), но на фактот за очигледното „лизнување“ на Катица и јасниот прекин на дотур на масло со УВ-фактор 500 и изложувањето на сонце (читај јавност, критика и недостиг на заштита) на „специјалната“ укажуваат двата последователни жолти картони од ЕУ.
За голема жал на СДСМ, која со сиот траор, непребол и немузикални фанфари спонзорирани од Сорос автентично ја пренесоа „професионалците“, „експертите“ и „НВО“ здруженијата, болната низа ја стартуваше еврокомесарот Јоханес Хан. Пред само две недели. Да истиот оној „среброљубец“, кој опозициските мегафони уште пред една година, кога и првпат им удри шлаканица, го обвиненија дека терал бизнис со ВМРО-ДПМНЕ. Хан, пак, се најде на тапет и го загуби ореолот на светец само затоа што ја стави под прашање професионалноста на СЈО. Австриецот се најде во неблагодарна мисија во која се обиде да го преиначи мршојадецот и да го научи да егзистира од овошје и од трева, но тамам кога јуришниците на СДСМ помислија дека ја извршиле задачата и ја „окаљале“ и девалвирале до „коска“ жртвата, се појави еден нов, „дипломатски извор“ од истата таа ЕУ. Гласник кој ги доразниша надежите, и онака лажни…
„Република“ ја разбуди „меџународната“?!
Пораката, која со речник разбирлив за комунистите и нивните наследници би гласела „прекини паљбу“, лично и персонално ја испорачаа дипломати на ЕУ. Команда дадена во ист ден кога Македонија според еминентниот „Дуинг бизнис“ се најде меѓу десетте држави што се најдобри бизнис-дестинации во светот, а само еден ден по екстремно позитивното интервју на „Форбс“, на кое му претходеше ласкавата репортажа на „Вог“, и ден кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ сосема случајно беше во Лондон.
Истиот ден, недвосмислено, Брисел во Скопје пренесе дека, свесни за претстојната победа на ВМРО-ДПМНЕ, единствено отворено прашање за нив е дали актуелната владејачка гарнитура ќе се зафатела со ветените реформи кои требало да ги спроведе со новата влада. Тоа ќе бил условот во претстојната нова препорака за преговори на 9 ноември. Истовремено, неименуваните дипломати урнаа уште една силна надеж на СДСМ, паралелно давајќи зелено светло за власта. Да, уште еден огромен непребол и неуспех на социјалдемократите. И покрај толку залагање на партијата на Заев, Македонија повторно ќе добие препорака за преговори, макар и условена. Нејсе што е осма по ред, но „од кал да е, препорака да е“, велат еврофилите во РМ.
За жал на многумина или, според последните анкети, на 8,9% од популацијата, ставот на Брисел е јасен, т.е. меѓународната задница е убедена во победа на ВМРО-ДПМНЕ или, подобро кажано, Европејците се реални и прагматични. Останува реалноста да ја прифатат уште во СДСМ. И во ДОМ, Достоинство, ДС. Премногу „Д“ во низа, кое би можело да стане и симбол за ДИЛЕТАНТИ.
Болната препорака до СДСМ и со СЈО, иако зборуваме за истото ткиво со различни кратенки, беше јасна и сурова. Дипломатите изразија надеж дека „СЈО ќе биде помалку видливо до изборите“, односно дека ќе го намали интензитетот на планираната кампања против ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ, т.е. ќе одржува помалку прес-конференции со нови неиздржани предмети чијашто цел е руинирање на кредибилитетот на владејачката партија и на нејзините челници.
Интересно, но, хронолошки гледано, брифингот на евродипломатот во Скопје и јасната порака до Катица Јанева за „дигање рачна“ се случуваат само еден ден откако „Република“ предупреди на планот на СЈО и на СДСМ за 13-16 нови фингирани предмети против ВМРО-ДПМНЕ, со детали за тоа кој, каде и за што ќе биде обвинет во драмолетката на неинвентивните опозициски стратези и сценаристи. Неполни 24 часа по објавата на планот од „Република“, ЕУ посака СЈО да го намали бројот на прес-конференции и случаи до изборите и да биде што помалу видливо до изборите. Во САД велат дека „случајноста“ е начин на дејствување на Бога. Во Македонија и пошироко, пак, така дејствуваат агенциите. Не оние за недвижности…
Дали СДСМ е надвор од контрола на „чадорот”?
Истиот тој дипломат меѓу редови испрати и една вознемирувачка порака. По констатацијата за потребата од помала видливост на СЈО и Јанева до изборите, тој додаде: „Иако тоа веќе е тешко и невозможно?!“ Не се дообјасни, ниту имаше време да го стори тоа. На што се должеше оваа реченица? Сите знаеме дека СЈО и Јанева се нивна творба иако, веројатно, тие не планирале институцијата да прерасне во завод за вработување извикани и недоделкани социјалдемократи. Дали прокламираниот сомнеж на ЕУ за прекин на дејствијата на СЈО е знак дека СДСМ е надвор од контрола на меѓународната заедница? Зошто за ЕУ би било невозможно да го прекине партиското дејствување на СЈО, освен доколку Заев не е надвор од контрола и дали, сфаќајќи ја безизлезноста и неминовноста на поразот, СДСМ се решава на очајнички чекор во битката за власт во државата која би го спасила од одговарање пред судската власт? Тешко веројатно дека партијата му ја откажала послушноста на чадорот, но многу веројатно дека повторно ги послушале српските продавачи на скапа магла. Па, кога успеаја да им продадат половина и неуспешна „Шарена револуција“ од Босна, зошто да не им го продадат и обидот за спас преку Јанева. Веројатно, во контекст на квазислучаите на СЈО, овој се вика „Т’спас“ оти сѐ што произлегува од нив мора да биде на „Т“, нели…
Крик за спас на доходовниот семеен бизнис
Другата опција со наглата „работливост“ и „воркохолизам“ на СЈО би имала чисто практичен, бизнис карактер. Во време кога Хан и ЕУ-дипломатот во Скопје ја прескокнаа можноста за продолжување на „рокот за употреба“ на квазиинституцијата, се обидува ли Јанева насила да ја наметне потребата од нејзина егзистенција кај меѓународната заедница? Откако по сета дарена доверба, СЈО за 13 месеци не сработи ама ништо, сака ли сега Јанева во последните месеци на постоењето, со последните сили, да демонстрира послушност и да покаже дека може да одработи нешто „саглам“ за партијата и за „чадорот“? Така, удри ли СЈО на квантитет, поведено од личната самосвест дека квалитет никогаш и немало во оваа вонуставна творба.
Во меѓувреме, од формирањето во 2015 година, па досега, влогот на СЈО е многукратно зголемен. Зборуваме за повеќекратна финансиска пенетрација на добивката. Ако на почетокот се работеше за платите на Јанева, обвинителите и на придружниот персонал, сега зборуваме за многу поголема добивка во нивните семејства, која би исчезнала доколку се укине СЈО. Дали преку Уставен или преку рокот на траење, штетата по „фамилијарните“ буџети би била страшна…
Сега, 15 месеци по формирањето, влогот на СЈО е огромен. Да, во меѓувреме, Јанева и нејзините обвинители формираа семејна фирма и си вработија сѐ што беше без работа во поблиското им опкружување. Внуци, браќа, балдзи, баџанаци, сестри и братучеди си ја најдоа среќата во Специјалното обвинителство, кое му даде ново значење на кратенката СЈО. Таа сега значи СЕМЕЈНА ЈАВНОЗГРИЖУВАЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА. Зборуваме за многу, стотици илјади евра семејни буџети и за вработувања кои јавно ги призна и самата Јанева.
Арно ама, таа си кажа (без да чита?!) оти нејзиното не било непотизам. Според ова, излегува дека нововработените не се виновни што им се роднини и, едноставно, што биле „избраните“, најдобрите од двесте илјади невработени во земјава. Благодарение на ВМРО-ДПМНЕ, пак, конкуренцијата им се намали. Пред 10 години стапката на невработеност беше 38%, а сега е околу 24%. Можеби, токму поради ова поволност и намалениот круг на кандидати, Јанева и обвинителите си ги вработија најблиските. Порано не ќе можеа, конкуренцијата на невработен кадар беше поголема. Иако, поконкретниот дел од благодарноста за изборот оди кон СДСМ…
СЈО се бори за место под сенката?
Целта и на „чадорот“, најверојатно, не беше ваква. Сигурно, СЈО не беше креирано со интенција за фирма за вработување роднини, декларирани просдсмовски експерти и криминалци со тапија кои по 10 години пост мораа да добијат награда за влогот во партијата. Можеби целта и не била таква, но никој, очигледно, немал предвид дека ова е навистина „специјална“ организација, создадена за потребите на партијата со специјални потреби. Или, како што веројатно би рекла Јанева на „Еднооки“ (веројатно и на јаве): „Значи, најспецијална, значи, поспецијална здравје, значи…“ Како и да е, придонесоа ли семејните бизнис-релации, проследени со „бруката“ во јавноста, во одлуката на истиот тој „чадор“, конечно, да ја лизне и дисциплинира малку својата „разуздана“ избраничка и ќе се избори ли таа пак за свое место под сенката?
Ах, да. Кога сме кај изборите. ЕУ неофицијално соопшти дека му го намали изборот на СДСМ. Ќе мора да ги признае изборите на 11 декември. Уште една причина за панична активација на услугите на СЈО. Очигледно, не е лесно кога Јанева е вашиот единствен избор или кога немате избор, а изборите доаѓаат…
Пишува: Љупчо Цветановски за „Република“Дали поради нејзината физичка корпулентност или поради очигледната