Министерството за информатичко општество и администрација преку соопштение реагираше на изјавата на дополнителниот заменик-министер Александар Кирацовски кој најави дека поднел иницијатива да се одложи оценувањето на администрацијата до крајот на 2017 година.-Престанок на работен однос како резултат на оценување беше за прв пат воведено во македонската државна служба на 14 септември 2005 година, односно со Законот за изменување и дополнување на Законот за државните службеници објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 81/2005. Оттогаш до сега имало многу изборни циклуси, но никој никогаш од оценувањето не правел политичка драма. Колку за илустрација на основаноста на партиско-политичкиот аспект на оценувањето, еве го исходот од пилот оценувањето во претходната година. Просечната оцена на службениците била 4,37, а само 0.000089%, односно само еден вработен е оценет со најниската оценка, која претставува основ за престанок на работниот однос, наведува МИОА во соопштението.
Оттаму го повикуваат дополнителниот заменик-министер да се оттргне од партиските стеги и да даде вистински придонес во создавањето на подобра, попрофесионална и поефикасна администрација.
-Очекувано е дека на човек без никаква визија и идеи во однос на реформата на администрацијата, најлесно му е да прави политички проблем, да критикува и да предлага укинување на законско решение кое како светски и европски тренд во модерното управување со човечките ресурси, е воспоставено со поддршка на Европската Комисија и со учество на експертска и стручна јавност, се вели во соопштението.-Престанок на работен однос како резултат на оценување беше за прв пат воведено во македонската државна служба на 14 септември 2005 година, односно