Последните 2 – 3 дена поминаа во знакот на специјалната јавна обвинитела Катица Јанева и нејзиниот настап во Собранието за презентирање на годишниот извештај за работата на нејзината институција.На целата јавност добро и е познато како Катица Јанева ги помина овие 3 дена во Собрание, при што нејзините поддржувачи од шарената револуција веќе закажаа нови протести, овој пат за поддршка на СЈО, во понеделник со почеток во 17 часот пред Собранието.
Она што нашата редакција го доби како информација е дека во текот на денешниот во елитниот комплекс Аурора кој се наоѓа над Беровското Езеро престојуваат околу 20-тина поддржувачи на шарената револуција и членови на опозицијата.
Помеѓу присутните се забележани Мерсел Биљали, професор на правниот факултет на ФОН и поранешен пратеник во Собранието на РМ, Маргарита Цаца Николовска, претседател на Институтот за човекови права и поранешен врховен судија, Вања Михајлова од Институт за човекови права како и новинарот Саше Димовски.
Дали оваа викенд средба е поврзана со веќе закажаните протести во понеделник или советување и консултирање кои насоки да им се дадат на Катица Јанеца и СЈО?
Дали СОРОС своите перјаници ги шета по луксузни хотели и спа центри каде што полн пансион чини повеќе од 100 евра за „порелаксирано“ да се координираат како да продолжат со дестабилизација на државата и можеби ново одложување на изборите, затоа што главната пропагандна тупаница (СЈО) на СДСМ олицетворена во ликот на специјалната Катица Јанева деновиве доживува дебакл пред „нелегитимните“ пратеници на македонското Собрание? Или ова е само еден од начините за „легитимно“ исплаќање на хонорари, под име на одржани обуки, за уличарењето кое претстои?На целата јавност добро и е познато како Катица Јанева ги помина овие 3 дена во Собрание, при што нејзините поддржувачи од шарената револуција веќе