По падот на приватниот авион „Пајпер Па 34-200 Т Сенека“ со германски национални ознаки, вчера попладне кај велешко Кожле, а во кој загинаа сите шест патници, на терен е тим на Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти. Комитетот е независно истражно тело формиран според обврските од потпишаната Конвенција на Република Македонија за Меѓународно цивилно воздухопловство.Активности за расветлување на авионската несреќа презема и Јавното обвинителство. – По добиените сознанија, обвинителството во координација со надлежните институции презема мерки за утврдување на местото на несреќата, негово обезбедување и натамошно постапување. Истовремено се прибираат податоци и релевантни факти во насока на утврдување на причините за несреќата, соопшти Јавното обвинителство и најавува дополнително подетални информации.
Како што објавија италијанските медиуми, со приватниот авион управувал пилотот Франческо Монтањер, претседател на аматерскиот спортски аероклуб „Тревизо“. Со него биле и потпретседателот на клубот Дарио Бастасин, Лука Дале Муле и Ангело Калегари, како и Иларија Бертио и Висар Бегај од Косово, кои имале и италијанско државјанство.
Како што пишуваат медиумите, настраданите живееле во Тревизо, Падова и Удине. Групата планирала да патува за Приштина поради бизнис, како и за активности поврзани со аероклубот „Тревизо“. Над Македонија требало да изврши прелет и бил пријавен на аеродромот „Александар Велики“-Скопје за дополнување гориво.
– Од Тревизо заминаа четири авиони со 20 патници. Тие требаше да пристигнат во Косово на прославата на првата годишнина на тамошниот аероклуб кој беше основан со поддршка на аероклубот од Тревизо. Она што засега сигурно го знаме е дека трите авиони пристигнале, е еден се урнал најверојатно поради лошите вренески услови, изјави Маурицио Патуели од аероклубот „Тревизо“, пренесуваат италијанските меидуми, според кои авионот ги имал сите дозволи и одобренија за летање.
Временските услови за летот на урнатиот авион, пишуваат медиумите, биле лоши со дожд, ветер и мала видливост. Летови како вчерашниот од Трезвизо до Скопје долг 800 километри не се вообичаени за пилотите од аероклубот „Тревизо“, но пилотот Монтањер бил искусен со стотици часови летање. Пилот бил и загинатиот Дарио Бастасин, кој пред десет години имал помал инцидент при слетување во Тревизо, без поголеми псоледици.
За местото на падот на авионот први јавија локалните жители кои слушале експлозија и виделе пожар. Исчезнувањето на авионот од радарот вчера попладне во 17.40 часот во МВР го пријавила Контролата на летање на скопскиот аеродром.Активности за расветлување на авионската несреќа презема и Јавното обвинителство. – По добиените сознанија, обвинителството во координација с