Политичка деструкција: СДСМ во 2011-та година барале да не се субвенционира чистењето на одводните канали во Гази Баба

Членот на советот на општина Гази Баба во 2011 година, Борче Ѓеоргиевски и пред 5 години го искажал јаснот став на СДСМ против субвенционирање на чистењето одводни канали во општина Гази Баба, во корист на граѓаните.На СДСМ и во 2011 исто како и во 2016 му пречи што општината ја презема оваа одговорна обврска и им го олеснува животот на граѓаните, преземајќи го финансискиот товар околу одржувањето на одводните канали и нивното чистење.
Извадоците од официјалните записници до кои дојде Курир, несомнено докажуваат дека Борче Ѓеоргиевски кој после поплавите во скопскиот регион се шеташе на терен, од автомобил ги снимаше граѓаните и се обидуваше да остави впечаток на локален великан кого сите го знаат и кој за сите се грижи, пред 5 години бил против тоа општината да им го симне товарот од плеќи на граѓаните околу чистењето на одводните канали.
„До кога Општината ќе ја превзема обврската во име на граѓаните и водостопанство “Скопско Поле“ и дали корисниците на воден надомест ги имаат подмирено своите обврски кон Општината? Ставот на советничката група на СДСМ е дека практиката на превземање на обврските е погрешна и дека треба секој од корисниците да ги подмири своите обврски.“, вели тогаш Ѓеоргиевски.

СДСМ е со непроменет став и 5 години подоцна. Јавноста дозна дека токму во февруари 2016 година, само неколку месеци пред големата природна катастрофа која однесе 22 животи, барале општината да престане да ја субвенционира оваа активност и парите да бидат пренаменети за еко-фасади и кровови на градинки.
Фатени на дело, наместо да признаат дека поради политикантство правеле нелогични обиди да ја саботираат работата на општината, можеби дури и за во случај на поплави подоцна да ја обвинуваат за настанатата штета, од СДСМ влегуваат од блам во блам.
Советникот Дарио Николовски вчера на прес-конференција на несмасен начин се обиде да ја префрли вината на медиумите, односно соопшти дека медиумите ги извадиле од контекст ставовите на опозицијата, а СДСМ не биле против проекти за доброто на граѓаните.

Точниот одговор е дека СДСМ не само што бил против чистењето на каналите кое е од клучна важност при вакви природни катастрофи и веројатно поради чистите канали биле спасени животи, туку СДСМ и пред 5 години биле против оваа активност на општина Гази Баба.
 
Ова го покажуваат официјалните документи и не може да го сменат сите лаги на овој свет кои би ги кажале советниците на СДСМ од општина Гази Баба. Борче Ѓеоргиевски прецизно во 2011 година соопштува дека СДСМ е против субвенционирање на чистењето на каналите.
Прашање е дали СДСМ конечно ќе се сокрие во глувчја дупка и нема да зборува на оваа тема ниту пред камери ќе глуми хуманост и загриженост – или поверојатно и Борче Ѓоергиевски ќе излезе на прес како неговиот помлад колега да лаже додека не гледа во очи во очаен обид колку-толку да го спаси образот пред граѓаните кои ги користи за позирање додека се шета низ поплавените делови на општината.

Иронично, но додека жителите на скопските населени места изгубија речиси се што имаа, Георгиевски ги посетува и ги отпоздравува седнат во својот автомобил се снима со скриена камера.

Некои од нив, сигурно ќе го прашаат: Зошто ти и СДСМ не сакавте општината да ги субвенционира чистите канали? Зошто не сакавте да ни помогнете да не се поплавиме?
Инаку, Борче Ѓеоргиевски пред неколку месеци кога СДСМ престана да глуми „паднат од Марс“ кога е шарената платеничка револуција во прашање, беше забележан на протестите во кои со неколку автомобили се блокираа крстосници и се попречуваше движењето на десетици илјади граѓани низ Скопје. Тогаш на интернет се појави информација дека Ѓеоргиевски е само дел од групата на лица со криминални досиеја кои ги спроведуваат овие валкани нарачки на СДСМ. За него порталите пишуваа дека е познат оперативно на полицијата, за посебни случаи на фалсификување исправа во 1998 година од СВР Скопје.На СДСМ и во 2011 исто како и во 2016 му пречи што општината ја презема оваа одговорна обврска и им го олеснува животот на граѓаните, преземајќи го

Пронајдете не на следниве мрежи: