Реконструкцијата на далекуводот Скопје-Тетово, прилагодувањето на сите трансформаторски станици што ги поврзува овој линиски енергетски објект и модернизацијата на трансформаторската станица „Југохром“ во Јегуновце е со цел да се одговори на растечките потреби за потрошувачка на електрична енергија на полошкиот регион како најбрзорастечки конзумен регион и да се обезбеди непречено, доверливо и стабилно снабдување на сите потрошувачи со квалитетна електрична енергија на среден рок.Ова денеска го истакна генералниот директор на АД МЕПСО Синиша Спасов при обиколката на трансформаторската станица „Југохром“ во Јегуновце заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
– Оваа инвестиција беше ветена во Програмата и реализирана согласно пропишаниот рок. Почна да се гради во пролетта минатата година, а завршена е кон средината на летово и еве, денеска, официјално ја вклучуваме во употреба. Главната предобивка од нејзиното вклучување е што сега фабриката Југохром ќе биде поврзана од двете страни со далекуводот Скопје – Тетово и доколку заради различни временски причини има испаѓање на далекуводот повторно ќе има напојување на трафостаницата од другата страна. Со тоа шансата оваа трафостаница и објектите коишто се напојуваат од неа да останат без електрична енергија се сведени на минимум, рече Спасов.
Далекуводот, како што посочи, е поставен на 187 столбови од кои новоизградени се 158 челично-решеткасти столбови кои ги заменија армирано-бетонските столбови кои беа во употреба повеќе од 60 години. Должината на далекуводот изнесува 48 километри, а вредноста на инвестицијата надминува 4,4 милиони евра. Извршени се прилагодувања во сите трансформаторски станици што ги поврзува овој линиски енергетски објект при што е поставена потребна современа примарна и секундарна високонапонска опрема. Значајна модернизација беше извршена во трансформаторската станица „Југохром“ во Јегуновце каде во целост е модернизиран собирничкиот систем на 110 киловолтно напонско ниво.
– Тетовскиот регион во минатото имаше многу испади. Последен пат голем испад е забележан 2008/2009 година кога паднаа три бетонски столба кои сега се заменети. Токму паѓањето на старите столбови беше причина за испаѓањето на системот, а направивме и уште една инвестиција со која се замени стар далекувод со нов од страната на Вруток што во голем обем е завршена. Планираме да се направи уште еден далекувод низ Полошкиот регион за директно поврзување на Вруток со Скопје со што Тетово ќе биде обезбедено четирикратно со снабдување со електрична енергија. Во моментов сме во подготовка на проектна документација за овој далекувод и очекувам до крајот на годинава да биде објавен тендер за проектирање, а во следната фаза ќе почне и изградбата, рече Спасов.
Најави дека кон крајот на следната година се очекува да почне изградбата на интерконективното поврзување со Албанија со објавување на тендерска постапка за градба на 400/110 киловолтниот далекувод од Битола до Елбасан и трафостаница во Охрид за трансформација на напонот од 400 на 110 волти.
– Поврзувањето со Албанија ќе овозможи развој на пазарот на електрична енергија и сигурност во снабдувањето на целиот Југозападен регион на Република Македонија, рече Спасов.
Потсети дека веќе се завршени интерконективните поврзувања кон Србија и Бугарија и најави дека наскоро следи и замена на примарна високонапонска опрема за што се обезбедени 40 милиони евра преку ЕБОР. Дел од нив како тендерски постапки веќе се почнати…, а ќе следи и реконструкција на далекуводи што се постари од 40 години.
Прецизира дека за четиригодишното ракводење со компанијата се реализирани проекти во висина од 70 милиони евра и најави дека за следниот десетгодишен преиод се предвидени 100 милиони евра за преносниот систем.
Потсети дека се изградени три од вкупно петте интерконективни водови со кои располага АД Мепсо, Битола-Лерин кој е пуштен во употреба во 2007 година, Штип-Червена Могила, Република Бугарија завршен во 2010 и Штип-Ниш, Република Србија завршен со градба кон крајот на минатата година. Го спомена и вклучувањето на разводната постројка во трафостаницата во општина Петровец во 2014 година со кој е овозможен развој на дистрибутивната мрежа и приклучување на зоната Ќојлија, завршената модернизацијата односно ревитализацијата на далекуводот Скопје1-Куманово во 2014 година, вклучување два нови енергетски трансформатори во 2008 и 2014, пуштањето на вториот систем на далекуводот помеѓу трафостаниците Битола 2 и Битола 3 и новиот двосистемски далекувод помеѓу трафостаниците Битола 3 и Битола 4 преку кои е комплетиран далекуводниот прстен во Битола во 2014.Ова денеска го истакна генералниот директор на АД МЕПСО Синиша Спасов при обиколката на трансформаторската станица „Југохром“ во Јегуно