Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов денеска ја отвори Школата за млади лидери што на негова иницијатива по седми пат се одржува во Охрид, како проект што ги обединува младите и талентираните луѓе од земјата на едно место каде ќе ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, својата креативност, менаџерските способности.– Оваа Школа е наменета пред се на лидерите на иднината, но и лидерите на сегашноста, уште повеќе што живееме во време на големи промени, предизвици, кризи. Но секоја криза е можност за нови решенија, шанса за нови концепти и визии, рече претседателот Иванов во обраќањето пред учесниците на Школата.
Тој им укажа на младите лидери дека низ целиот живот ќе се соочуваат со потребата да помагаат, да нудат решенија, да бидат тие кои ќе бидат иновативни, креативни.
– Времето е такво што секоја област во секојдневниот животот е подложна на промени и бара луѓе кои се иновативни, луѓе кои ќе нудат решенија, личности кои ќе излегуваат надвор од воспоставените догми, теории, пракси. Имате извонредна можност да ги слушнете искуствата, да ги сознаете вештините, не знаењата, туку да ги осознаете начините како да дојдете до применливи знаења што ќе им овозможи уште поголем успех во своите области, во своите средини, рече меѓу другото Иванов.
Шефот на државата уште потести на универзалните хуманистички пораки на Свети Климент Охридски, просветителот кому оваа година му се одбележува 1.100-годишнината од неговото упокојување.
– Да се престигнуваме во добрината, таа е онаа нишка што провејува низ сите луѓе кои живеаат на овој простор и секојпат се приклонуват кон неа. А добрината оди со убавината, не случајно тука се вели дека убав е оној кој е добар. Секојпат мислете на она позитивното, бидете креативни и настојувајте да бидете најдобри, да водите, предводите, затоа сте и лидери, рече тој.
Пред учесниците на седмата Школа за млади лидери уште свои обраќања имаа и поранешниот бугарски претседател Петар Стојанов, Исмаил Серагелдин, директор на Александриската библиотека, професорот Зоран Илиески од Правниот факултет во Скопје и Фан Меихуа од Оддделот за човечки ресурси на компанијата „Хуавеј“.
За Маја Гугоска, учесник на годинешната Школа за млади лидери чие седмо издание е наменето претежно за припаднички на понежниот пол, оваа меѓународна обука е еден вид спој на креативноста, квалитетот и амбициите на младите луѓе.
– Очекувањата се најпрво да се стигне до успешно лидерство и секако да се научат некои животни вештини што на сите нас ќе ни бидат од полза во натамошниот живот, како на професионален така и на приватен план, рече таа.
Наредните десеттина дена колку што трае Школата младите лидери ќе имаат можност да ги чујат искуствата на признаени личности во своите области, експерти од сите области, еминентни предавачи и гости од врвни образовни и професионални институции. Меѓу нив се и претседателот на Латвија Ваира Вике-Фраиберга, градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, директорот на Евроконтрол Франк Бренер, професорот Ѓорѓија Петковски од Универзитетот во Пенсилванија, претседавачот Извршниот комитет на Трилатералната комисија на Република Србија Јован Ковачиќ, како и Дејвид Голдсмит, еден од водечките светски бизнис-предвидувачи и експерт за менаџмент и лидерство.
Инаку, Школата за млади лидери е лична иницијатива на Иванов со досега реализирани шест интензивни тренинзи за лидерство од 2010 година наваму, со учество на над 240 млади луѓе. Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение кое што низ семинари, панел-дискусии, предавања и учества во младински настани, овозможува продолжување на развојот на нивните знаења и вештини.– Оваа Школа е наменета пред се на лидерите на иднината, но и лидерите на сегашноста, уште