Поплавени земјоделски површини, подруми и куќи полни со вода, граѓаните веќе изнемоштени, со последни сили се обидуваат, колку што можат, да ја санираат штетата од саботната библиска поплава, во скопско и околината. Морничава глетка во Инџиково, пренесува ТВ Нова.Жителите со неверување, велат вакво невреме не виделе во последните 20 години. Последен пат кога се случи, слична ваква поплава, било во далечната 1979 година, за кога граѓаните кажуваат дека биле поплавени откако пукнала локалната брана и целата вода се слеала во нивните куќи, објави телевизијата.
Градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, кој на вчерашната седница на Владата на Република Македонија, беше назначен за координатор на акциите за чистење и спасување во скопско Инџиково, Винче и Страчинци, денеска во школото Дане Крапчев одржа координативен состанок со претставници од армијата, дирекцијата за заштита и спасување и претставници од месните заедници од овие скопски села.
По состанокот, таткото на градот се упати кон населеното место Инџиково, каде го пречекаа и жителите, кои го запознаа градоначалникот го фактичката состојба на терен. Најпрвин се почна со санација и чистење на каналот во населеното место, за да можат потоа да се испразнат и атмосферските канализации, за да запоочнат да се празнат и дворовите и куќите на мештаните.
Инаку, досега, според официјалните информации од Црвениот Крст, се собрани повеќе од 5.000.000 милиони денари, помош за поплавените подрачја. Пунктови за донации, исто така, се поставени и во училиштата 25 мај и Наум Наумовски Борче во населбата Гази Баба, каде граѓаните ќе можат да оставаат помош за поплавените семејства. Градоначалникот, апелираше и до сите оние кои сакаат да пружат помош во кризните подрачја, да дојдат со соодветна опрема и алат во општината Гази Баба, од каде ќе бидат испратени онаму каде што се најпотребни.
Она што е најважно, засега, според службите на терен, е спречување на појава на евентуални зарази и епидемии, кои би настанале од погинати животни во поплавените подрачја, што е моментално прв приоритет на службите на терен, пред да се пристапи кон санација на штетите, од силното невреме, кое го погоди скопје и околината во саботата вечерта.Жителите со неверување, велат вакво невреме не виделе во последните 20 години. Последен пат кога се случи, слична ваква поплава, било во далечната