Археолози од британските универзитети Саутемптом, Единбург и Оксфорд и годинава го истражуваа локалитетот Костоперска Карпа во кумановско Младо Нагоричане.Според досегашните истражувања на локалитетот е откриено постоење на повеќеслојна населба со континуиран хронолошки и културен живот. Станува збор за локалитет богат со археолошки материјал од енеолитот, а откриени се и предмети од железно време, особено садови од керамика, накит од злато, сребро, килибар како и стаклена паста и бронза.
Освен што националната установа „ Музеј “ има потпишано четиригодишен договор со универзитетите, проектот Костоперска карпа е поддржан од министерството за култура.
-Тие беа тука дваесетина дена вршеа реконе… на теренот на самата Костоперска карпа но и на околните региони, а се со цел за да го поврзат населбинското живеење на жителите кои што живееле на Костоперска карпа и околу неа, исто така веќе во октомври ние имаме договорено средба во Оксфорд каде што нашиот археолог Дејан Ѓорѓиевски ќе одржи симпозиум и ќе се разменат искуства и сето она што е сработено на самиот локалитет костоперска карпа, изјави Анита Цветановска, директор на НУ„Музеј“ Куманово.
Во минатото тука постоеле дури 40 цркви поради кои месноста била нарекувана Мала Света Гора, а во подножјето на карпата се наоѓаат две средновековни цркви , како и повеќе гробови. Костоперска карпа се наоѓа на 9 километри од Куманово на патот кон Крива Паланка. Доколу посетителите продолжат уште 30-ина километри од овој локалитет ќе се најдат на мегалитската опсерваторија Кокино, каде што лиценцирани туристички водичи ќе ги прошетаат по локалитетот. Од први август се наплаќаат и влезници за Кокино, 120 денари за странски посетители, 60 денари за домашните и 30 денари за деца, ученици и студенти. Новината е со цел да се обезбеди самоодржување на локалитетот.
-Она што е ново за локалитетот Кокино е што нашите археолози кон крајот на август веќе ќе започнат со археолошките истражувања завршните на јужната тераса на самиот локалитет, изјави Цветановска.
Цветановска најави и оградување на локалитетот, изградба на мала сувенирница, мал музеј и ресторан за посетителите. Веќе се поставени информативни табли, патокази, а во функција се и мобилната апликација за Кокино и официјална веб страница.Според досегашните истражувања на локалитетот е откриено постоење на повеќеслојна населба со континуиран хронолошки и културен живот. С