Има потреба од ребаланс или немема, има ли земја во светот што не прави ребаланс на буџетот или не нема, направивте фама од ребаланост кажете ми земја што не прави ребаланс на буџет, праша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Момчило Аврамоски во својата реплика кон пратеникот на опозицијата Васко Ковачевски, на денешната дебата за ребалансот на буџетот.- Има ли земја која што не користи еврообврзница или пак еврообврзницата погрешно ќе била искористена неправилно, како не се градело немало капитални инвестиции. Цела држава се гради нема град каде каде што не се гради објект или пат, а вие викате дека не се прават капитални инвестииции дајте да не го лажеме народот, рече Аврамоски.
Тој нагласи дека опозицијата е таа која што требаше да биде во Собрание и да предоложува амандмани и да вметнува проекти во буџетот, а не да бидат на плажи.
– Што се однесува до здравството колега до пред да дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт народот не знаше што е ниту електронска здравствена картичка, народот не знаеше што е компјутер. Колега Васко прашајте ги вашите колеги лекари куцаа на машини, компјутер немаше на оделенијата. Една магнетна резонанца имаше за цела западна Македонија и вие зборувате за здравство, потенцираше пратеникот Аврамоски.
На крајот тој нагласи дека поранешен министер на СДСМ беше фатен со пари на словенечкиот аеродорм, а другиот министер на СДСМ е во прогн. – Има ли земја која што не користи еврообврзница или пак еврообврзницата погрешно ќе била искористена неправилно, како не се градело немало капитал