На само 12 километри од градот под Марковите Кули, опкружен од недопрената природа на Пелагонијата, се наоѓа селото Беловодица, а непосредно до него и една нова приказна наречена „Мермерното Езеро“. Ова езеро, на кое многумина му го даваат епитетот „македонското Памук Кале”, неодамна е откриено случајно, токму од прилепскиот татко, пишува Вечер.На местото на некогашниот рудник за мермер, денес блеска сино езерце кое од ден во ден станува сѐ поголема атракција за прилепчани, па и за целата држава.
Во текот на годините никој не го посетувал напуштениот рудник, не се контролирала количината и нивото на вода која извирала, а истата никој не ја отстранувал, со што се има формирано Мермерното Езеро кое е вистински рај за очи. Нескромно може да се каже дека со убавината и контрастот на бои кои ова езеро потсетува на турското Памук Кале.
Водата во езерцето сѐ уште не е испитана од страна на Институтот за јавно здравје, но тоа не претставува пречка за посетителите да се искапат. Се претпоставува дека езерото е длабоко околу 40 метри, а до овој заклучок е дојдено од кажувањето на поранешен работник во рудникот кој вели дека надолу има осум мермени блокови кои се високи по пет метри, пишува весникот.
Температурата на водата изнесува околу 20 степени Целзиусови, а интересно за ова младо езерце е тоа што во него можат да се забележат мали риби. Белилото кое мермерот околу езерото го рефлектира, не дозволува температурата да е премногу висока, па затоа ова место е идеално и за оние кои сакаат да се сончаат, а се забележуваат во голем број.
Посетители има од сите градови, но најмногу во деновите од викендот. Оние кои успеваат да дојдат до Мермерното Езеро, остануваат да се восхитуваат на убавините кои ги нуди, во текот на целиот ден.На местото на некогашниот рудник за мермер, денес блеска сино езерце кое од ден во ден станува сѐ поголема атракција за прилепчани, па и за целата