Владата на Република Македонија на седница во петокот усвои текст на предлог закон , предложен од Министерството за информатичко општество и администрација за владино рекламирање во медиумите, според кој сите медиуми ќе добиваат пари од владиниот колач.-Се работи за итен реформски приоритет кој произлегува од насоките добиени од ЕУ за регулирање на начиот на распределба на буџетите за владините кампањи – средствата ќе се распределуваат на сите медиуми. За предлог-законот ке следува широк консултативен процес – велат од Министерството за информатичко општество и администрација.
Претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани уште еднаш се посрамоти одработувајќи ги парите што ги добива од СДСМ – СОРОС, упатувајќи навреди и услови по урнек на неговиот идол Зоран Заев.
Насер Селмани побара македонските граѓани да не може да бидат информирани во платени кампањи од Владата, дури и во случаи кога станува збор за остварување на нивни права. Во член 4 од Предлог законот стои дека Kампањата се смета за оправдана доколку истата се спроведува заради:
информирање на физичките и правните лица во Република Македонија за новините во врска со нивните права, интереси и обврски согласно закон, или пак кога остварувањето на истите е врзано со рок кој може да биде пропуштен;
информирање на јавноста за целите, очекуваните резултати или причините за тековни или идни владини политики, програми, проекти или услуги, вклучувајќи и фискални политики, или за нивни измени, а кои ќе влијаат на правата, интересите и обврските на определена социјална група или општеството во целина, а за кои е потребна поголема јавна поддршка;
охрабрување или обесхрабрување на определено социјално однесување на сметка на јавниот интерес;
ширење на научни, медицински информации или информации во врска со здравјето и безбедноста на граѓаните, како и во врска со унапредувањето и заштита на животната средина;
информирање на јавноста за поважни настани од културно, историско, научно и друго општествено значење на Република Македонија;
промовирање на каква било економска активност или сектор на економијата на Република Македонија или плановите на Владата за поддршка на економската активност или сектор; или
информирање на јавноста за односите на Република Македонија со други држави или заедници на држави.
За Насер Селмани е важно единствено парите на Сорос да стигнуваат до медиумите, буџет тежок повеќе милиони евра на годишно ниво. За Насер Селмани е неважно тоа што владиното рекламирање беше опфатено и со итните реформски приоритети во извештајот на Прибе и практично стана услов по кој ќе биде оценуван напредокот на Решублика Македонија.
По урнекот на Заев, Селмани тргна да се демантира самиот себе и сега настапи со сосема поинаков став од мислењето кое претходно го имаше ЗНМ.
-Се работи за итен реформски приоритет кој произлегува од насоките добиени од ЕУ за регулирање на начиот на распределба на буџетите за владините ка