Поминаа три години откако Министерството за здравство го воведе електронскиот систем „Мој термин“. Тимот на „Мој термин“ започна да функционира како една мала проектна единица за денеска да прерасне во посебна институција, кадровски екипирана. Овој систем прерасна во бренд во областа на здравството во Македонија, но и во регионот, Европа и пошироко.Ова денеска на прес конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров.
-Овој систем одамна веќе не е само систем за закажување на прегледи туку е најголема и најважна база на податоци која се гради и полни и претставува одлична основа за градење на здравствени политики. Во изминатите три години во системот се креирани 1.835.500 електронски досиеја, односно толку граѓани имаат електронски здравствен картон во рамки на системот „Мој термин“, рече Тодоров.
Во овие три години откако функционира „Мој термин“ на вкупно 1.639.730 пациенти им се издадени 68.817.000 електронски рецепти, а за 1.728.700 пациенти биле креирани вкупно 20.911.000 електронски упати. Дека станува збор за еден од најголемите електронски системи во државата покажува и неговата интегрираност во други системи. Овој систем е интегриран со над 70 софтверски компании преку кој секојдневно пристигнуваат над еден и пол милион побараувања.
Тодоров посочи дека според податоците од системот најчесто пациентите имале потреба од специјалистички услуги за интерната медицина, офталмологија и рендген дијагностика.
Установата која извршила најмногу прегледи за овие 3 години е Универзитетската клиника за редиотерапија и онкологија каде докторите во просек прегледале по 5000 пациенти.
– Системот Мој термин одамна како бренд ги надмина границите на Р. Македонија. Овој систем е веќе имплементиран и се користи во Србија и во 13 болници во Австралија, а има сериозен интерес и од неколку други држави во регионот, рече Тодоров.Ова денеска на прес конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров.
-Овој систем одамна веќе не е само систем за закажување