Претседателот Иванов е гордост на Република Македонија и така треба да се однесуваме кон секој Претседател на Република Македонија, се додека се подбивате на Претседател, на институции, на знаме, на историја, ќе останете во опозиција, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Василевски во својата реплика кон пратеникот Локвенец.-Овие денови сме сведоци дека вашата шарена револуција пука по сите основи и навистина не би сакал да сум на ваше место вложени толку срдества, толку напор да ја срушите државата на најлош и црн начин, а едноставно не успевате останавте сами на улица, потенцираше тој .
Василевски рече дека се повеќе опозициските политичари се присутни на протестите на шарената револуција, а тоа покажува дека немаат поддршка од народот.
– Многу е дрско да 100 луѓе платени ја тероризираат цела држава од 2 милиони луѓе. Не може Скопје да биде блокирано секој ден со 50 до 100 луѓе. Револуција е да излезат 500.000 или 1 милион луѓе, не е револуција 500 луѓе. Вашето креирано сценарио на лични карти на креирани разговори ви пропадна, Чауш е во судски процес и ќе биде осуден, нагласи тој.
На крајот од својата дискусија пратеникот Василевски ја истакна својата поддршка кон Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.
-Овие денови сме сведоци дека вашата шарена револуција пука по сите основи и навистина не би сакал да сум на ваше место вложени толку срдества, тол