Тоа е познатата групација на СОРОС, УСАИД и Форум групацијата, кои стојат зад насилните протести на СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шеќеринска. Првиот протест го направија за Мартин Нешковски во 2011 година, а во согласност со стратегијата на Канвас, кога ненасилните протести нема да дадат резултати – се уфрлуваат радикални насилни структури кои треба да предизвикаат контролирана војна, односно немири и крв, пишува Вечер.
Српски Канвас е единствената неисламска организација која е ставена на листата 85 терористички организации во Обединетите Арапски Емирати, а нејзините членови имаат забрана за влез во Русија. Тие учествуваа во немирите во Украина, во рушењето на Хосни Мубарак во Египет, како и во други 28 земји во светот.
Сега сакаат да ја урнат Македонија
Како се затоплува времето се зголемува и цената на протестите. Ако во декември СОРОС и УСАИД плаќале по 1.500 долари за идеја за демонстрации, овој месец идејата се плаќа 3.500 долари. Веќе видено штом ќе се примени и насилство, цената на судирите секогаш расте.
Ова е документот до кој дојде Вечер нови пари за нови протести. Може да ги добијат само активистите на Канвас обучени за демонстрации.
Како што пишуваше Вечер, белградската агенција Канвас е позната по организирањето неколку насилни преврати во светот. А во арапскиот свет е прогласена за терористичка организација.
Претходно, Вечер објави документи кои докажуваат дека, најверојатно, многумина стигнале до 1500 долари продавајќи идеја за протест на Канвас. Новите документи докажуваат за уште повисока сума.
Домашните и светските медиуми, наголемо пишуваа за присуството на Канвас во Македонија, и дека лично Срѓа Поповиќ, кој е предводник на бандата експерти за државни удари, ги координира активностите околу “бомбите на СДСМ и протестите кои се случуваат во Македонија.
Вечер веќе објави и докази дека лично тој ги обучувал овие активисти, за подоцна обучените да обучуваат нови преку Школата за активно граѓанство, чии обуки се случуваат на локации кои се оддалечени од големите градови.
Екипата на Вечер ги посети локациите каде што Канвас и нивните партнерски организации во Македонија ги организираат Академиите за активно граѓанство. На овие школи може да се научи како се прави психолошка војна со полицијата, но и со народот.
Психолошката војна со полицијата се води во неколку точки, кои се совети на идеолошкиот татко на бандата Канвас, Џин Шарп. Прво, демонстрантите им кажуваат на полицајците дека тие се добри луѓе и треба да им се приклучат. Кога ова нема да успее тие им велат дека се монструми кои поддржуваат режим, ако не успее и ова, тогаш демонстрантите насилно се пресметуваат со полицијата.
Како што Вечер веќе пишуваше моделот за насилни демонстрации и државни удари, организиран од платеници познати како група Отпор! – и кој се покажа како успешен во Србија за уривање на Слободан Милошевиќ, не заврши со неговиот пад. Напротив, стана подземен политички бизнис. Усовршен и досега е применет во над 30 земји, меѓу кои: Грузија, Либан, Украина, Малдиви, Египет…
Идентичен модел е применет и во Украина. Западните разузнавачки служби ја координираа заедничката работа божем невладините организации, како белградската агенција за револуции и подземна политика – Канвас, и неонацистичките организации како Десен сектор и партијата Свобода, кои одиграа клучна улога во државниот удар, и подготовките за граѓанска војна во Украина.
Српските платеници собрани под фирмата Отпор! видоа многу пари, и многу моќ во процесот на уривање на Милошевиќ. Видоа, и решија да продолжат – станаа фабрика за извоз и креација на немири, насилни демонстрации, терор, убиства и државни удари. Ставањето на агенцијата Канвас на листата на терористи и соработници на терористички организации во друштво на Муслиманските браќа, Ал каеда, Боко харам не е никаква грешка, туку сосема логична последица на нивниот ангажман.
Ова се доказите дека државниот удар, насилните демонстрации, поттикнувањето етнички тензии до ниво на контролирана војна, уривањето државни институции, земање власт без избори… кое го гледаме сега во 2015 е планирано и почнато уште од 2009 и 2011 година.
За САД тврдењата на Лавров се апсурд
Обвинувањата од страна на рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, дека настаните во Македонија се контролирани од Запад, поради одбивањето на Владата на премиерот Никола Груевски да се приклучи кон санкциите против Русија и подготвеноста за соработка при реализацијата на други алтернативи за транспорт на гориво, вклучувајќи го и таканаречениот Турски тек наидоа на голем број реакции. Реагираше и Амбасадата на САД во Скопје, која овие тврдења ги оквалификува како апсурдни.
– Овие тврдења се апсурд. САД сакаат мир и стабилност во Македонија, како дел од нашата долгорочна цел “Европа цела, слободна и во мир”. Македонските граѓани и вашите лидери во големо мнозинство сакаат да им се приклучат на ЕУ и НАТО, знаејќи дека тоа е најдобриот пат кон безбедност и просперитет на Македонија. Ние целосно ја делиме таа цел, гласи ставот на амбасадата на САД во Скопје.
Во обраќањето пред Горниот дом на националниот парламент, Лавров обвини и дека Западот се труди во Македонија да организира нешто слично со она што се случи во Јемен и во Украина. Тој предупреди и дека Бугарија и Албанија имаат намера да ја федерализираат Македонија, а потоа да ја поделат, што, вели, сериозно го загрижува Кремљ и потенцираше дека македонските случувања прилично грубо се насочуваат однадвор.
Во тек се обиди владата на Никола Груевски да се обвини за некомпетентност и за тоа дека не ги извршува своите должности пред граѓаните, а му се препишуваат и многу други работи. Но, зад сето тоа е желбата да се влијае на него поради одбивањето да се приклучи кон санкциите против Русија. Ние со сигурност знаеме дека такви притисоци се вршени врз него и во врска со тоа што тој го поддржа Јужен тек, активно сметајќи на тој гасовод во македонските интереси. Сега тој покажува подготвеност за соработка за реализација на други варијанти на снабдувањето со енергија од Русија до јужна Европа, вклучително и на Турскиот тек, рече Лавров.
Рускиот министер потенцираше дека е жалосно и опасно што во остварување на целта за поткопување на владата на Груевски се обидува да се вклучи и албанскиот фактор. Тој потсети на Охридскиот договор кој, како што вели, го врати мирот и хармонијата.
Изјавите со кои во последниот период излезе рускиот министер за надворешни работи предизвикаа реакции и во Софија. Неговиот бугарски колега, Даниел Митов ја оцени како неодговорна и неприфатлива изјавата на Лавров дека се предлагаат идеи за поделба на Македонија меѓу Бугарија и Албанија.
– Добро се познати се сите премрежиња низ кои помина Република Македонија на патот до воспоставување и зајакнување на нејзината државна независност и суверенитет. Цело ова време токму Бугарија беше земјата која даваше најголемата поддршка за независноста на Република Македонија и стана гарант за нејзиниот територијален интегритет. Потсетуваме дека Бугарија беше земјата која прва ја призна Република Македонија и оваа одлука беше клучна за стабилноста во Југоисточна Европа, се вели во пишаната изјава на Митов објавена на вебстраницата на бугарското МНР.
Митов нагласува дека се неприфатливи обидите да се стави под сомнение европскиот поредок во регионот и територијалниот интегритет на Република Македонија.
– Стабилноста на сите земји од Југоисточна Европа е од огромно значење за нас и обидите на земји надвор од регионот за нејзиното поткопување преку слични сугестии треба да бидат прекинати. Бугарија ќе продолжи да биде гарант за независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија и во тоа не може да има никакво сомнение, вели бугарскиот министер за надворешни работи Даниел Митов.
Српски Канвас е единствената неисламска организација која е ставена на листата 85 терористички организации во Обединетите Арапски Ем