Традицијата вели дека за почетокот на учебната година, првачињата добиваат нешто слатко за лесно да им оди учењето. Посакувајќи им сладок, забавен и успешен пат во светот на образованието, Бимилк им подари чоколадно млеко „Моја Кравица“ на над 2.700 првачиња во 28 училишта од 10 градови во Македонија.
Во акцијата за подарување на омиленото чоколадно млеко на првачињата, опфатени се вкупно 28 училишта низ цела Македонија, меѓу кои се и Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Куманово, Тетово, Гостивар, Струмица, Штип и Велес, а од компанијата велат дека нивната цел била да израдуваат колку што е можно повеќе деца со овој мал но сладок гест.
„Компанијата Бимилк им го честита почетокот на школувањето на сите првачиња, како и почетокот на учебната година на сите ученици. Имајќи ги секогаш среќните детски лица во нашиот фокус, одлучивме почетокот на учебната година да го искористиме како повод за уште една насмевка, да им посакаме многу успех и сладок почеток во учењето и да ги потсетиме дека пиењето млеко игра значајна улога во нивниот раст и развој“, рече Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.
Со полниот вкус на вистинско чоколадо во комбинација со најквалитетното млеко и без конзерванси, чоколадното млеко „Моја Кравица“ со години претставува омилена слатка напивка за сите генерации, а истовремено е и идеално решение за внесување на потребната количина витамини и хранливи состојки неопходни за правилен раст, развој и нормално функционирање на метаболизмот на децата.Посакувајќи им сладок, забавен и успешен пат во светот на образованието, Бимилк им подари чоколадно млеко „Моја Кравица“ на н