BEST CARS 2017″: ŠKODA Octavia е број 1 по четврти пат

Победник во низа: по четврти пат моделот ŠKODA Octavia ја освои престижната “Најдобар автомобил од увоз”, награда за која одлучуваат читателите на “Auto, motor und sport”Бестселерот на брендот ŠKODA Octavia постојано го зголемува бројот на  испораките  во светски рамки. Забележани се повеќе од 58.000 ново регистрирани возила ŠKODA Octavia во Германија
Целосно надградената ŠKODA Octavia ги доби своите популарни  варијанти Scout и RS
ŠKODA Octavia повторно е број 1 во категоријата возила од увозот во сегментот на компактни автомобили. Одликата е директно поврзана со мислењето на читателите на специјализираното списанието “авто, motor und sport” кои ги изгласаат најдобрите автомобили за 2017 година. По четврти пат бестселерот на брендот ја совлада силната конкуренција. Целосно надградената Octavia од март ќе се најде во салоните ŠKODA, со својот нов атрактивен дизајн, богатите пакети на опремата и новата технологија.
Во 2016 година, ŠKODA испорача повеќе од 436.000 модели Octavia кон клиентите од целиот свет. Повеќе од 58.000 модели Octavia се ново регистрирани во Германија. Со овие резултати компактниот модел е меѓу првите 10 во Сојузна Република Германија. Во однос на бројот на ново регистрирани, Octavia е најуспешен автомобил од увоз во Германија.
ŠKODA го продолжува овој успех и во првата половина од 2017 година со премиерата на ново надградената ŠKODA Octavia. Брендот со сеопфатното освежување на бестселерот ќе придобие нови клиенти со редизајнираните предни и задни делови, како и со атрактивните пакети на опрема. Истите вклучуваат целосни LED светла и врвни технолошки решенија во однос на системите за помош на возачот, информативно забавниот систем и поврзувањето. По новиот SUV ŠKODA KODIAQ, новата Octavia ќе биде вториот модел од гамата на ŠKODA кој доаѓа со Care Connect онлајн услуга за поврзување. ŠKODA Octavia Scout и Skoda Octavia RS, исто така, ќе бидат обновени со самата надградба на основниот модел. Сега со моќност од 169 kW (230 КС) кај бензинскиот мотор 2.0 TSI и со максимална брзина од 250 km / h, најновата верзија на Octavia RS ќе биде најбрзата Octavia која некогаш била произведена од страна на чешкиот производител.
Оваа година, читателите на популарното специјализирано списание “auto, motor und sport” ги изгласаа „Најдобрите автомобили” по 41 пат. Генерално, читателите ги избираа најдобрите модели во единаесет категории, а на натпреварувањето учествуваат вкупно 378 нови автомобили. Во категоријата компактен автомобил од увоз, ŠKODA Octavia освои 17,5% од гласовите со што повторно го зазема првото место. По четврти пат бестселерот на брендот триумфираше на ова натпреварување.Бестселерот на брендот ŠKODA Octavia постојано го зголемува бројот на  испораките  во светски рамки. Забележани се повеќе од 58.00

Пронајдете не на следниве мрежи: