Во издание на „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат поетската книга „Темни деноноќија“ од Матеја Матевски. На страниците од своето најново дело, познатиот поет застапува шеесетина песни напишани во 2015 и 2016 година.
Во поговорот насловен „Поетските визии на Матеја Матевски во книгата Темни деноноќија“, поетот и литературен критичар Јовица Тасевски Етернијан, констатира дека „низ страниците се преплетуваат вечните и актуелните теми, инвентивно прикажани од специфичен поетски аспект.“
Матеја Матевски (Цариград,1929) е водечко име во современите текови на македонската литература. Автор е на дваесет и четири стихозбирки, на шест книги со критики и есеси, а превел над шеесет книги од шпански, француски, словенечки, српски и други јазици. Доботник е на бројни национални и меѓународни признанија. Во 2011 година беше носител на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата.
Во поговорот насловен „Поетските визии на Матеја Матевски во книгата Темни деноноќија“, поетот и литературен критичар Јовица