Австралија Опен следете на Еуроспорт

 Сите терени, сите мечеви и најдобри анализиЕуроспорт како водечка спортска дестинација во 2017. година, ќе ги пренесува сите четири
Гренд Слем турнири. Преку Еуроспорт каналите и Eurosport Player, гледачите ќе можат да
уживаат во повеќе од 100 часа од најдобриот светски тенис и пренос на сите мечеви од било
кој терен.
Прв на распоред е Австралија Опен кој трае од 16. до 29. јануари.
Експрертите Метс Виландер, Барбара Шет, Алекс Коретја и Патрик Муратоглу, со гледачите ќе
ги споделат своите анализи за играта на тенисерите во Мелбурн, а ќе продолжат истото да го
прават за сите Гренд Слем турнири.
Со Австралија Опен се враќа и легендарниот Џон Макенро како самоименуван „комесар за
тенис“.
Метс Виландер изјави: „За нас, сè што правиме во Еуропорт, навивачите и гледачите се на прво
место. Затоа во 2017. преносот на сите четири Гренд Слем турнири ги подигаме на повисоко
ниво. По сјајната 2016. во која Енди Мареј и Анџелик Кербер завршија како први, нè очекува
уште повозбудлива година. навивачите на Ѓоковикќ, Вавринка и Серена Вилијамс со нетрпение
чекаат да ги видат своите јунаци на дело, а Еуроспорт ќе го следи секој нивен чекор во
Мелбурн, Париз, Вимблдон и Њујорк. Големините пак на Рафа Надал и Роџер Федерер уште не
сме ги споменале.“
 
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа, по втор пат ќе настапи на еден Гранд Слем турнир, по оној од минатата година на УС Опен.
 
Со преносот на мечевите не очекува и сјајна програма и анализи:
– Game, Set & Mats, заедно со Метс Виландер и Барбара Шет е главна тениска емисија која ќе
се емитува секоја вечер и за време на траење на турнирот. Метс и Барбара во 30 минути ќе ги
анализираат одиграните мечеви и случувања и ќе најавуваат што следно не смеете да
испуштите.
-The Coach , прилог во кој Патрик Муратоглу (тренерот на Серена Вилијамс) со статистички
податоци и виртуелни прикази ќе ја анализира играта и стратегијата на тенисерите. Ќе се
емитува секоја вечер во склоп на емисијата Game, Set & Mats и на социјалните мрежи на
Еуроспорт.
-Џон Макенро се враќа во емисијата „Комесар на тенисот“. Во текот на Австралија Опен, Џон ќе спреми 8 епизоди во кои во свој стил нема да поштеди никој, како на теренот, така и надвор од него. Сите 8 епизоди ќе бидат прикажени во склоп на емисијата Game, Set & Mats и на социјалните мрежи на Еуроспорт.Еуроспорт како водечка спортска дестинација во 2017. година, ќе ги пренесува сите четири
Гренд Слем турнири. Преку Еуроспорт каналите и Eur

Пронајдете не на следниве мрежи: