Жито Лукс ја проширува Нутри програмата со нов леб и бисквити

Познатиот бренд Нутри од Жито Лукс ги претставува новите Нутри интегрални и овесни бисквити и Нутри лебот со 6 семиња.„Нутри линијата се покажа како навистина посакувана и погодна, посебно за потрошувачите со специфични барања, и токму затоа ја прошируваме со нови производи, во сегментот бисквити и во сегментот леб. Покрај што се вкусни, со својата висока хранлива вредност се погодни и корисни за секого. Внесувањето доволна количина витамини, диететски влакна како и протеини, претставува основа за здравје и енергија низ целиот ден, а новите производи од Жито Лукс токму тоа и го нудат“, изјавија од компанијата.
Нутри бисквитите со овесни снегулки и интегрално брашно се извор на витамини и минерали (витамини од Б групата, фосфор, магнезиум, калиум), како и извор на диететски влакна што придонесува за подобрена дигестија, одржување на правилна телесна тежина и други здравствени бенефити.
Интегралниот леб Нутри со 6 семиња е грижливо направен и содржи повеќе високо хранливи семиња: сончогледово семе, семе од тиква, ленено семе, сусам, просо и афион. Тој содржи големо количество растителни влакна и железо, и е извор на протеини, витамини  и минерали (Е, Б1, Б3, Б6, фолна киселина, калиум, магнезиум и цинк), кои што се природно застапени и оттука полесни за апсорпција од човековото тело.  
Жито Лукс како компанија со традиција и врвен квалитет, најстар и најголем производител на леб во земјава кој што оваа година го обележува својот 70 годишен јубилеј, со новите производи уште еднаш покажа дека ги следи најсовремените трендови, со цел да остане верна на потребите на потрошувачите.„Нутри линијата се покажа како навистина посакувана и погодна, посебно за потрошувачите со специфични барања, и токму затоа ја прошируваме со

Пронајдете не на следниве мрежи: