Show Room – џез концерти позади ширум отворени врати

Проект за промоција на регионалната музичката сцена во Јавна соба 
 
Јавна соба започнува со новиот регионален проект за развој на џез сцената во регионот, “Show Room”. Секој петок на репертоар е концерт на реномирани џез музичари од Македонија и регионот кои ќе настапуваат пред публиката во Јавна соба. Влезот на сите настани е бесплатен, а забавата и уживањето за сите генерации е загарантирано.
“Show Room” e отворена музичка програма, концерти во живо, со содржини креирани од музичарите од македонската и регионалната џез сцена, која има за цел да го претстави музички потенцијал преку индивидуална интерпретација на стилови, концепти и артисти.
На првото издание на Show Room во петок, 16. декември со почеток во 21:00ч  на сцена ќе искочат Кирил Кузманов – саксофон, Трајче Велков- труба, Филип Димишковски- клавијатура, Кирил Туфекчиевски – бас, Виктор Филиповски – тапани. Следат концертите на “Zing Project” и “M Jazz Session” со евергрините на македонската џез/поп ера, од 50тите години до денес на 23. и 30. декември. По една кратка пауза за божиќните празници на 14. јануари концерт ќе одржи познатиот српски џез квартет Милан Петровиќ, со што ќе започне и регионалната размена. Во рамки на “Show Room“  предвидено е гостување на “Fiеrce” од Скопје во “Мikser House” во Белград во март 2017, настап  на македонски бендови на џез фестивали во регионот.
 
  
 
Јавна соба започнува со новиот регионален проект за развој на џез сцената во регионот, “Show Room”. Секој

Пронајдете не на следниве мрежи: