Доделен Златниот волонтерски сертификат за 2016 година

Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) по повод 5-ти декември Меѓународниот ден на волонтерите, од 2006 година востанови Национални волонтерски награди во Република Македонија. Целта е оддавање на јавно признание на волонтери кои се вклучуваат за доброто на својата заедница, помагаат на други и ја промовираат солидарноста, хуманоста и сите позитивни вредности на волонтерските активности.ЗЛАТЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО ВО 2016 ГОДИНА  се доделува на организацијата АЈДЕ МАКЕДОНИЈА за волонтерската акција „Македонија без отпад 2016“.
Во националната акција беа вклучени над 16 000 учесници, 70 граѓански организации и над 100 училишта, кои чистеа 156 локации низ земјата во 53 општини во Република Македонија.
Националната акција „Македонија без отпад 2016“ има за дел да го исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, да развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да развие механизам за поддршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање на отпад во нивните заедници.
Честитки до сите волонтери кои беа вклучени во волонтерски активности и нека е честит празникот на сите волонтери во светот – 5 декември!
Со почит,     
Младински културен центар – БитолаЗЛАТЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО ВО 2016 ГОДИНА  се доделува на организацијата АЈДЕ МАКЕДОНИЈА за волонтерската акција „Македонија без

Пронајдете не на следниве мрежи: