Од особена важност за безбедно управување на моторно возило во зима се зимските гуми. Тие се наменети за минусни температури под 7˚С на кој било вид на пат, без разлика дали зимата е снежна или релативно сува и ладна. Зимските гуми се најнеопходни за безбедно и стабилно движење на возилата и една од најчестите заблуди е дека тие се неопходни и се употребуваат само во услови кога има снег.
Карактеристично за зимските гуми е тоа што длабочината на шарата им е 4мм и се специјално дизајнирани со силикон и со поголем процент природна гума и затоа се помеки во ладните зимски денови. Според едно тестирање направено на автомобил во движење со летни и зимски гуми и прагот на сопирање со нив, резултатите кои се добиени покажуваат дека со забрзување од само 16 км/ч, зимските гуми запреле на 6,4 метри, додека на истото возило со летни гуми му било потребно два пати поголем сопирачки пат да застане при истата брзина. Доколку возилото се движи со поголема брзина, овој праг на запирање би бил многу поголем.
Освен зимски гуми, во зима (и покрај тоа што тоа не е законска обврска кога имате зимски гуми) препорачливо е во гепекот од возилото да имате една кутија ланци, затоа што снегот во зима никогаш не може да се предвиди кога и колку ќе наврне. Ланците за снег не се замена за зимски гуми но за максимална безбедност на возилото, кога патиштата се покриени со дебел слој снег, покрај зимски гуми, пожелни се и ланци за снег. Ако во текот на зимските месеци се упатите на планина или до некоја подалечна дестинација, носете ланци во гепекот. Можеби нема да ви затребаат во секоја ситуација, но во тешки зимски услови ќе ве заштитат од лизгање и од „шлајфување“ (вртење на тркалата во празно). Замислете да тргнете до некој ски центар без ланци и на пола пат да ве изненади снежна виулица!
Постојат неколку видови ланци за снег, но најмногу се користат ланците од челични алки. Замена за нив се таканаречените ланци од јажиња, но нивната монтажа е комплицирана. Идеално решение и воедно најскапо се ланците со систем за брзо монтирање за кои се потребни одредени подготовки. Имено, матицата (основата) се закачува на погонските тркала, должината на ланците се прилагодува на димензиите на гумите, а кога ќе затреба ланецот се закачува на матицата и работата е завршена.
При купувањето ланци за снег, треба да се одберат димензии кои одговараат на димензиите на гумите бидејќи несоодветна должина на ланците може да ја оштетат гумата. Последниве години постојат и „чорапи“ за гумите во замена за ланците направени од платно кое го обезбедува возилото да не се излизга илида заглави во снег и олеснителна околност за сите возачи е што за разлика од ланците „чорапата“ се мести многу полесно.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за возење во зимски услови, освен задолжителните зимските гуми, и ланците (или „чорапите“) како дел од препоорачаната или задолжителна зимска опрема (во зависност од тоа дали користите зимаски или летни гуми), исто така ги советува сите кои управуваат со моторно возило, во гепекот секогаш да имаат лопата, мала вреќичка песок, патосници за под тркалата во случај да заглават во подлабок снег, еден пар топли дебели ракавици, џебна батерија и секако, полна батерија на мобилниот телефон.
Овој едукативен текст е во рамките на Зимската кампања која што РСБСП ја реализира со поддршка од МотоЦентар – Прв избор за гуми. РСБСП во партнерство со Мотоцентар им посакуваат безбедни патувања на сите учесници во сообраќајот.
Зимата не дава шанса за избор. Опреми се!
Карактеристично за зимските гуми е тоа што длабочината на шарата им е 4мм и се специјално дизајнирани со силикон и со пого