Чивнинг ден: Меморирање или создавање нови знаења?

Асоцијацијата на Чивнинг стипендисти во Македонија организираше Чивнинг ден со панел дискусија „Меморирање или создавање нови знаења?“, која ги опфати македонските и британските образовни искуства на Чивнинг стипендистиАсоцијацијата на Чивнинг стипендисти во Македонија организираше Чивнинг ден со панел дискусија „Меморирање или создавање нови знаења?“, која ги опфати македонските и британските образовни искуства на Чивнинг стипендисти. Целта на овој настан беше да се поттикне јавна дискусија во врска со македонските и британските универзитетски образовни модели кои им се познати на стипендисти на програмата Чивнинг. Дискусијата се обиде да одговори на прашањата, како се третира знаењето во двата образовни контексти, главно како меморирање или како креативно создавање на нови знаења, кои се целите на образованието, како и кои се улогите на наставникот и на студентот. Посебен акцент беше ставен на креативноста во наставата на универзитетско ниво, а се дискутираа и насоки за подобрување.
Панел дискусијата ја отворија Ана Мешковска, претседател на Асоцијација на Чивнинг стипендисти во Македонија и Пол Едвардс, заменик амбасадор во Британска амбасада во Република Македонија. Модератор на панелот беше Елена Ончевска Агер, магистер по методологија на учење странски јазици (Универзитет во Лидс) и доктор по филолошки науки, доцент по применета лингвистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.
Активни панелисти беа Ѓакуш Кабаши, магистер по меѓународни односи и безбедност (Вестминстер Универзитет), висок асистент за политиките на владеење на правото, Амбасада на Кралството Холандија во Скопје, Гордана Вренцоска, магистер по дизајн (Универзитет на уметностите Лондон) и доктор по фолклористика, продекан на Факултетот за арт и дизајн – ЕУРМ Скопје, Висар Адеми, магистер по бизнис администрација (Ланкастер Универзитет), основач и извршен директор на Моја Кариера и Њомза Ќерими, магистер по интернационален развој и едукација (Универзитетски колеџ Лондон, Институт за едукација).Асоцијацијата на Чивнинг стипендисти во Македонија организираше Чивнинг ден со панел дискусија „Меморирање или создавање нови знаења?“,

Пронајдете не на следниве мрежи: