Иницирање на дијалог меѓу ИТ и агор секторот

Целта на конференцијата да се зближат двете идустрии за подобро да ги разберат своите потреби и барања со цел да се олесни влезот на ИКТ индустријата на пазарот и да им се овозможи на фармерите и агрокомпаниите да дознаат на кој начин може ги стават технологиите во фунција на остварување на подобра конкурентност и зголемена профитабилност.Во периодот од 23ти – 24ти ноември, 2016, во хотел Александар Палас во Скопје, ќе се одржи конференција на тема ИКТ во Агробизнис, организирана од страна на МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии во соработка со АгФутура Технологии и ПроКредит Банка.
Како лидер во поврзување на ИКТ секторот во Македонија, МАСИТ досега успешно организираше 13 регионални конференции за ИКТ, секоја од нив посетена од повеќе од 200 учесници, претставници од ИКТ компаниите, академските институции, донаторските организации и други значајни стеикхолдери од регионот на Југоисточна Европа. Имајќи ги искуството и контактите, не само на домашно туку и на регионално и интернационално ниво, МАСИТ ќе ја организира својата 14та по ред годишна конференција, оваа година со амбиција по втор пат да ги донесе на едно место двата сектори (ИКТ и Агробизнис) и да адресира релевантни теми од интерес кои се актуелни во последните години.
Целта на конференцијата да се зближат двете идустрии за подобро да ги разберат своите потреби и барања со цел да се олесни влезот на ИКТ индустријата на пазарот и да им се овозможи на фармерите и агрокомпаниите да дознаат на кој начин може ги стават технологиите во фунција на остварување на подобра конкурентност и зголемена профитабилност.
“Употребата на ИКТ во агро секторот во Македонија не е масивна. Многу мал број на компании размислуваат како преку ИКТ може да имаат поголема ефикасност и ефективност во работењето. Презицното фармерство е популарно во светски рамки, а кај нас пак е во зачеток. Имаме компанија во Македонија, членка на МАСИТ, која има развиено софтверска платформа за 6 потсекторски гранки и тоа: сточарство, раноградинарство, овоштарство, лозарство, винарство и расад. Било која компанија од овие сектори, може да обезбеди лиценца за користење на оваа алатка и целосно да го води своето планирање, инвестирање, садење, производство, па дури и извоз преку оваа платформа. На Конференцијата оваа година ќе обезбедиме и презентации на дел од софтверските решенија за агро секторот“, изјави Анита Никова, извршен директор на МАСИТ.
Оваа година, Про Кредит Банка која како развојно ориентирана банка активно го поддржува и кредитира агро секторот во Македонија, е нов партнер на Конференцијата за ИКТ во агробизнис. Веќе неколку години наназад, Про Креди Банка организираше Агро Бизнис Форум за своите клиенти. Форумот им овозможуваше на претприемачите во земјоделскиот сектор да запознаат потенцијални партнери во својата област, да ги прошират познавањата на иновативни решенија и да споделат успешни приказни за сопствениот бизнис.
„Со цел да се зголеми свесноста за значењето на земјоделскиот сектор во Македонија се приклучивме во организација на ИКТ во Агробизнис. Про Кредит банка, секоја година ги наградува најуспешните компании за нивните иновативни инвестиции. Практиката продолжува и оваа година и сите компании од ИТ и агро секторот кои имале значајни иновативни проекти би можеле да се препознаат како добитници на нашето признание за најуспешна иновативна компанија. Наградите ќе ги доделувам на Конференцијата“, изјави Емилија Спировска, член на Управниот одбор на Про Кредит банка.
Иницирањето на дијалогот помеѓу ИКТ и Агробизнис заедниците е голем предизвик. МАСИТ со своите партнери и соработници планира да го поттикне овој дијалог токму преку оваа конференција. Ќе бидат претставени многу успешни приказни и решенија. Поканети се голем број на претставници од институциите од агробизнинс и ИТ индустријата, а ќе присуствуваат и голем број на компании од агробизнисот и ИТ од земјава и регионот. Со цел истите да навлезат во директни дискусии, ќе бидат организирани и Б2Б состаноци.
“За подобар развој на модерни технологии во секторот земјоделство потребно е добро познавање на моменталната состојба, и тоа како на локално, така и на глобално ниво. Побарувачката за храна континуирано расте, пред се поради растот на глобалната популација, а истовремено се менуваат и навиките на потрошувачите. На пазарот се повеќе се бара „практична“ храна која не бара долго време за подготовка, а при тоа истата потребно е да ги задоволува еколошките стандарди на производство и стандардите за здрава храна. Од другата страна ресурсите за производство од типот на почва, вода и работна сила се ограничени и се помалку достапни. Во констелација на овие фактори, нормално е појава на потребата од примена на технолошки иновации кои ќе овозможат оптимизирање на производствените ресурси. Ние во АгФутура работиме на развој на решенија во областа на производството и маркетингот, базирани на информатички и комуникациски технологии кои помагаат за надминување на ваквите состојби на пазарот, и овозможуваат остварување позитивни пазарни резултати. Корпоративното земјоделство во Македонија има солидна технолошка спремност. Постојат компании кои располагаат со најсовремени технички решенија во делот на производството. Ваков тип на компании и слични на нив, со своите усшени приказни ќе бидат дел од овогодинешната конференција на тема информатички и комуникациски технологии во агробизнисот. Присутните на конференцијата ќе бидат во можност да обезбедат голем број на информации и идеи кои ќе им овозможат значајно унапредување на нивниот бизнис.“ – изјави Благоја Муканов, извршен директор на АгФутура Технологии.Во периодот од 23ти – 24ти ноември, 2016, во хотел Александар Палас во Скопје, ќе се одржи конференција на тема ИКТ во Агробизнис,

Пронајдете не на следниве мрежи: