Велосипеди од ОКТА за децата од СОС Детско село

(Скопје, 17.11.2016) – Компанијата ОКТА заедно со своите вработени донира велосипеди и кациги за децата од СОС Детско село. Велосипедите беа составени од самите вработени за време на тим билдинг викендот, со што секој вработен даде свој придонес во хуманитарната активност организирана од страна на компанијата. Искрени пораки ги красеа велосипедите кои вработените ги донираа директно на децата од СОС Детско Село. Донацијата беше пречекана со голема радост и на интересен начин, со што децатаорганизиран мал натпревар со велосипедите во кругот на комплексот. 
„Оваа тимска, но истовремено и хумана активност ги обедени вработени на ОКТА во една иста цел. Тие со голема возбуда и ентузијазам ја прифатија идејата и дадоа значаен придонес за успешна реализација на донацијата. Иницијативата донесе огромно задоволство и за двете страни. Сега и децата од СОС Детско село ќе ја имаат можноста да ја почуствуваат еуфоријата и авантурата која доаѓа со возење на велосипед.“ изјави Марија Ставрева, менаџер за корпоративна општествена одговорност и комуникации во ОКТА.
За СОС Детското село за поздравување се ваков тип на иницијативи.

 
„Се обидуваме на децата од СОС Детското село да им го обезбедиме сето она што претставува дом и што произлегува од домот. Тоа е суштината на самата организација и токму стимулирањето на тие семејни вредности како и организирањето на вакви активности, каде децата ќе почувствуваат дел од таа атмосфера е добредојдено и корисно од секој аспект. ОКТА дава одличен пример што значи ваков тип на тимска работа и пресреќни сме што оваа иницијатива излегува од рамките на обична донација.“, изјави Александра Ивановски, директор на програми во СОС Детско село Скопје.
Вработените во ОКТА редовно иницираат и земаат учество во хуманитарни активности. Неодамна преку откажување од дневниот оброк, донираа парични средства за семејствата и граѓаните кои се во тешка социјална положба,  а три пати во годината организираат и крводарителски акцији.
 
  
„Оваа тимска, но истовремено и хумана активност ги обедени вработени на ОКТА во една иста цел. Тие со голема возбуда

Пронајдете не на следниве мрежи: