Балкан Петролеум Холдинг Лимитед ја разбира загриженоста на синдикатот за статусот и правата на вработените по евентуалното преземање на компанијата. Дали од управата на Макпетрол пробуваат да создадат црна и тенденциозна кампања против БПХЛ? Дали и вчерашното огласување на синдикатот е дел од таа кампања? Дали може да се забележи притисок и врз синдикатот во самото соопштение? Која е намерата?Со ова соопштение сакаме да ги потсетиме вработените и јавноста дека преземачот јавно ги има декларирано своите сериозни намери за понатамошен развој на компанијата во повеќе аспекти вклучувајќи го растот на бизнисот на бензинските пумпи, дистрибуцијата на нафта, складирање, логистика, транспорт на гас и многу други дејности како и една од најважните, потпирање на постојните вработени во компанијата, каде дополнително ќе се вработи работна сила од Македонија на која ќе ѝ биде дадена мотивација согласно најдобрите меѓународни практики.До Комисијата за хартии од вредност, доставен е проспект во којшто се елаборирани стратешките планови на БПХЛ. Тој документ ќе стане јавно достапен по добивањето на согласноста за преземање од КХВ. Тогаш официјално ќе бидат презентирани стратегиските планови на БПХЛ.Фактот што крајниот преземач има богата кариера и искуство во нафтениот бизнис, меѓу кои и партнерство со Бритиш Петролеум, е повеќе од доволна референца дека компанијата ќе биде вратена во нормален колосек.Само за потсетување Макпетрол од 2009 до 2015 година има акумулирана загуба од преку 15 милиони евра. Дали истата таа управа, која компанијата ја доведе во статус “загубар”, деновиве постојано и упорно врши притисок во јавноста и институциите користејќи се со невистини и шпекулации?Дали истиот тој менаџмент полека ја разбира револтираноста и изгубеното трпение на вработените и акционерите поради лошото минато, и токму затоа со овие приказни повеќе не е во состојба да влијае ниту на нивното мнение или пак одлука?По толку поставените прашања во јавноста на сметка на БПХЛ, остана само едно прашање кое се праќа на сметка на Макпетрол, а ги интересира вработените и акционерите.Кога Балкан Петролеум Холдинг Лимитед би бил еден акционер, не би бил загрижен за иднината на Макпетрол при преземање од страна на искусни бизнисмени во секторот, туку би бил загрижен за загубата од 15 милиони евра, и би го прашал менаџментот на Макпетрол: Каде се парите?Со ова соопштение сакаме да ги потсетиме вработените и јавноста дека преземачот јавно ги има декларирано своите сериозни намери за пона
Пронајдете не на следниве мрежи: