„Ден на астероидите“ ја одбележува годишнината на Тунгуската експлозија од 1908 година на 30 јуни- најголемиот удар на астероид на Земјата во поновата историја. Иницијативата лани ја покренаа Грегориј Рихтерс и Брајан Меј, со цел едукација за опасноста од можен удар на астероид. „Дискавери Сајанс“, единствената телевизиска мрежа во потполност посветена на чудата на науката, е партнер на овој проект. Со програмата од 20 јуни приготвува одбројување до „Ден на астероидите“ и натпревар во соработка со Европската вселенска агенција.„Ден на астероидите“ ќе се одбележи со две премиери: „Човек против астероид“ и „Човекот кој ја твиташе Земјата“.
Човекот кој ја твиташе Земјата (The Man Who Tweeted Earth), 30 јуни, Discovery Science 19:20
Канадскиот астронаут Крис Хедфилд ја носи титулата „омилен интернет астронаут“.
Тој користи Твитер за објави и Снапчет за снимање на фантастични фотографии и редовно се поврзува со луѓето дома, сето тоа додека се наоѓа во „Меѓународната вселенска станица“ која се движи околу земјата со брзина од 28 000 км/ч. Хедфилдовата мисија ја разгорува страста на гледачите за вселената со првиот документарец кој е некогаш снимен со главна ѕвезда која всушност се наоѓа во орбитата, прикажувајќи го минатото, сегашноста и иднината на астронаутите како и научните соработници.
Човек против астероид: специјална програма за Ден на астероидите (Man Vs Asteroid: An Asteroid Day Special), 30 јуни, Discovery Science 20:10
Овој едночасовен специјал открива како Грегориј Рихтерс и легендарниот гитарист на „Квин“- Брајан Меј ја основаат фондацијата „Ден на астероидите“, со цел создавање на глобално движење и подигнување на свеста за заштитата на нашата планета од можните последици при евентуален удар. Документарецот ни нуди преглед и на најдраматичните удари од астероиди во минатото како и астероиди кои за малку не се судриле со Земјата.
Со архивски снимки од „Европската вселенска агенција“, НАСА и Дискавери, како и интервјуа со научници и астронаути вклучени во проектот „Ден на астероиди“, филмот ја документира планетарната одбрана и го свртува вниманието на идните мисии за спас на Земјата од потенцијален удар. Документарниот филм се обидува да најде одговор на прашањата како: Може ли удар на астероид да го збрише човечкиот род, како и дали имаме моќ да го сопреме?
„Ден на астероидите“ ќе се одбележи со две премиери: „Човек против астероид“ и „Човекот кој ја твиташе Земјата“