Започна „Органскиот Базар“, изворот на здрава и органска храна

Денес и официјално се отвори Органскиот Базар во Скопје Сити Мол. Секој четврток,  почнувајќи денешниот ден, сите граѓани ќе може да ја збогатат својата трпеза со органска храна, купувајќи од Органскиот Базар. Денес и официјално се отвори Органскиот Базар во Скопје Сити Мол. Секој четврток, почнувајќи денешниот ден, сите граѓани ќе може да ја збогатат својата трпеза со органска храна, купувајќи од Органскиот Базар.
Ова ќе биде локација на здравјето, место каде што ќе може да се купи здрава и органска храна. Сите производители и посетители на едно место. Хармонијата од природата пристигна и на трпезата и кошничката во секое семејство.
На денешното отворање на Органскиот Базар присуствуваа бројни јавни личности, новинари, организатори и поддржувачи на овој проект кој докажаа дека желбата и свеста за јадење на органски продукти е повеќе од голема. Швајцарскиот амбасадор во Македонија, г-дин Стефан Лаѕарото и официјално го прогласи Базарот за отворен, обраќајки се и поздравувајќи ги сите присутни.
 
Швајцарија долго време ја поддржува Македонија во целокупниот развој, а особено во развојот на економијата. Како дел од ова, ние сме горди што сме помеѓу првите поддржувачи на секторот за органска храна во Македонија, веќе 10 години. Јас би сакал најтопло да им честитам затоа што се иницијатори за организација на еден ваков Органски Базар, што верувам дека го унапредува целиот сектор за органска храна, а воедно и органската храна ја прави подостапна за Македонските потрошувачи.- изјави г-дин Стефан Лаѕарото, Амбасадор на Швајцарија во Македонија Скопје Сити Мол како домаќини и организатори на Првиот Органски Базар кај нас, докажаа дека среќни се што можат да помогнат во подобрување на здравјето кај сите посетители и љубители на здравата храна.
 
Во текот на целата година што следи, Скопје Сити Мол ќе биде домаќин на Органскиот Базар. Станува збор за нова енергија и форма на дружење. Место за споделување на нова позитивна енергија,  вкрстување на патиштата на сите оние кои се поборници за здрав живот,  место каде што ќе има богата понуда на една единечна трпеза и за сечиј вкус, директно од органска градина. Во период на недостиг на органски производи, во Скопје Сити Мол ќе го најдете изворот на здравје. Органско овошје и зеленчук, органски производи и козметика, сето ова ќе може да го купите во Скопје Сити Мол, секој четврток,од 10 до 22 часот, почнувајќи од денес, 21-ви мај. – изјави Дарко Панчевски, претставник од Скопје Сити Мол
 
Првиот Органски Базар е во организација на Скопје Сити Мол во партнерство со Беорг, во соработка сo Програмата ИME спроведувана од Свисконтакт и Швајцарската Агенција за развој и Соработка, поддржано од Министерство за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство на Република Македонија.
  Денес и официјално се отвори Органскиот Базар во Скопје Сити Мол. Секој четврток, почнувајќи денешниот ден, сите граѓани ќе може да ја з

Пронајдете не на следниве мрежи: