Едночасовно затемнување за „Часот на планетата Земја“

Со исклучување на уличното осветлување на улицата Македонија,плоштадот „Македонија“ и плоштадот „Филип Втори“, како и на илуминациите на палатата „Пелистер“, Ристиќевата палата, Камениот мост, Скопската тврдина, мостот „Око“, Мостот на уметноста, Археолошкиот музеј и Музејот на македонската борба за самостојност Градот Скопје вечерва /28.03.2015 година/ од 20:30 до 21:30 часот се вклучи во одбележувањето на светски познатото движење „Час на планетата Земја“. Во истиот термин, стотици градови од 162 држави во светот ги исклучија светилките и испратија порака за штедење на енергетските ресурси и за намалување на климатските промени.Кога се исклучија светилките во центарот на Скопје, на просторот меѓу палатата „Пелистер“ и Ристиќевата палата, присутните граѓани имаа можност да погледнат уникатен флеш моб перформанс со светлечки ефекти. На плочникот, пак, со запалени свеќички беше формиран бројот 60+ што означува шеесетминутно штедење на енергетските ресурси и заштита од климатските промени.

Организатори на оваа активност беа Градот Скопје, Здружението за заштита на животната средина „Часот на планетата Земја 60+“, Црвениот крст и Министерството за животна средина и просторно планирање. Акцијата ја поддржа и ЕВН која го исклучи и повторно го вклучи осветлувањето на наведените објекти без надоместување на финансиските трошоци.

Планетарното движење „Часот на планетата Земја“ е поддржано од светски познатата еколошка организација WWF (World Wildlife Fund).

Кога се исклучија светилките во центарот на Скопје, на просторот меѓу палатата „Пелистер“ и Ристиќевата палата, присутните граѓани имаа

Пронајдете не на следниве мрежи: