Јоксимовиќ специјален гостин кај Цетински

На скопскиот концерт на Тони Цетински, закажан за 28 ноември во спортскиот центар Борис Трајковски, долгогодишниот пријател и соработник на Тони, Жељко Јоксимовиќ ќе се појави како специјален гостин.Имено, Тони и Жељко се пријатели повеќе од 20 години и пред извесно време ја промовираа заедничката „Заблуда“. Цетински беше ексклузивен гостин на концертот на Јоксимовиќ во Нови Сад. Овојпат Тони Цетински се појавува во улогата на домаќин на концертот во Скопје. И ќе му посака топло добредојде на сцена на својот долгогодишен пријател и соработник Жељко Јоксимовиќ.
Влезниците за концертот уште денес се со промотивна цена од: партер стоење – 400 денари, трибина – 600 денари, фан пит – 600 денари и ВИП – 1200. Резервации на телефон: 072 680803
„Опет си победила“, „Онај ко те љуби сретан је“, „23 декември“, „Нека те одведе“, „Ако то се зове љубав“ се само мал дел од хитовите кои што ја бележат кариерата на пејач од рангот на Тони Цетински.
Овој концерт ќе биде единствен по многу нешта. Нема да биде како и секој друг поп концерт, затоа што Цетински најавува и оперски елементи, голем оркестар кој што ќе го придружува, хумор, глума но пред се музички интензитет во кој што ќе уживаат сите генерации.Имено, Тони и Жељко се пријатели повеќе од 20 години и пред извесно време ја промовираа заедничката „Заб

Пронајдете не на следниве мрежи: