Останаа уште неколку дена до одржувањето на 6. меѓународна конференција на Здружението за односи со јавност на Србија (ДСОЈ) под наслов „Комуникација на (с)цена“, која ќе се одржи овој викенд, на 7. и 8. ноември во „Звездара Театар“ во Белград. Целта на годинешната конференција „ПРилика“ е да понуди одговори на актуелните прашања – како струката успешно да се соочи со промените и како да фати чекор со трендовите.„Успешните компании водат сметка за комуникациите и тоа без исклучок, посебно докажувајќи ја стратешката важност на односите со јавноста. „ПРилика“ е меѓународна конференција која секоја година ги собира токму таквите организации, кои применуваат највисоки стандарди во комуникациите и тежнеат кон постојан деловен развој. Задачата на Програмскиот одбор на „ПРилика“ од година во година е сѐ потешка, затоа што нашите стручњаци за односи со јавноста се сѐ подобри, а нивните стандарди сѐ високи. Затоа, со гордост можам да кажам дека учеството на најавените предавачи е исклучителен успех. Мислам дака обезбедивме квалитетна прилика за дијалог и истражување на очекувањата, трендовите и предизвиците со кои во наредниот период ќе бидат преокупирани ПРофесионалците од различни индустрии “, рече Тамара Бекчиќ, координатор на Програмскиот одбор на конференцијата „ПРилика“ 2014.
На годинешната конференција ДСОЈ ќе биде омаќин на реномирани предавачи од Европа, Србија и од регионот, меѓу кои и на тројца водечки комуникациски стручњаци – Џереми Галбрајт, глобален директор за стратешко комуницирање и генерален директор на Burson-Marsteller мрежата за Европа, Блискиот исток и Африка; Пол Холмс, основач и главен извршен директор на Holmes Report & SABRE awards, како и Доналд Стил, меѓународен стручњак за кризни комуникации и поранешен советник за комуникации во BBC.
Покрај нив, учесниците на „ПРилика“ ќе можат да чујат некои од успешните регионални и домашни стручњаци од областа на комуникациите, како Дамир Југ, декан на Bernays школата за комуникациски менаџмент и член на управата на агенцијата Milenium PR од Хрватска и Мишо Лукиќ, претседател на Публицис групацијата од Србија.
На годинешната конференција под наслов „Комуникација на (с)цена“ предвидено е да се одржат и пет студии на случај на компаниите НИС, Philips Morris и IKEA, две панел дискусии, како и презентација на резултатите од истражувањето на European Communications Monitor 2014 за Србија.
Веќе традиционално, Здружението за односи со јавност на Србија трет пат по ред, во рамки на годишната конференција ПРилика 2014, ќе организира и национален студентски натпревар од областа на односите со јавноста. На годинешниот натпревар се пријавија 45 екипи, односно 160 студенти од вкупно 17 државни и приватни високообразовни институции од Србија. Целта на натпреварот е на заинтересираните студенти да им понуди можност, низ решавање на студии на случаи да ги разбудат своите знаења, практично да ги применат и да ги тестираат низ креативно решавање на деловни ситуации и предизвици од областа на комуникациите и односите со јавност.
Повеќе информации за конференцијата и за предавачите можете да пронајдете на web сајтот на ДСОЈ.„Успешните компании водат сметка за комуникациите и тоа без исклучок, посебно докажувајќи ја стратешката важност на односите со јавноста. &bd