Одиграни три натпревари од третото коло, во дербито пустошен Работнички

Вчера /01.11.2014 година, сабота/ се одиграа три натпревари од третото коло од Македонската кугларска лига 2014/2015 година.Во кугланата “Мусандра” во Градскиот трговски центар се одигра дербито на колото помеѓу екипите на Работнички и Вардар 2014. Во крајно неизвесен и израмнет натпревар,меѓусебните дуели завршија нерешено и поделба на бодовите, па победникот беше одлучен преку вкупниот број на соборени кегли. Така, домаќинот Работнички победи со резултат 5:3, со 3267 соборени кегли наспроти 3237.
Вториот натпревар кој се одигра во кугланата “Мусандра” беше помеѓу екипите на Империјал Тобако и Македонија, кој заврши со победа на Империјал Тобако од 7:1, со вкупен резултат на соборени кегли 3112:2923.
Во третиот натпревар, во кугланата во спортската сала “Младост” во Битола, екипата на Хераклеа ќе го пречека актуелниот шампион и лидер на табелата – тимот на Макпетрол. Натпреварот заврши со победа на Макпетрол и резултат 0:8, со што остануваат единствената екипа во шампионатот со  сите победи во третото коло.
Третото коло од Македонската кугларска лига 2014/2015 година ќе се комплетира во среда (05.11.2014 година), кога во кугланата “Мусандра” во ГТЦ – Скопје во 17:30 часот ќе се сретнат екипите на 18 Август АДИНГ и ГТЦ.Со одигрувањето на овие три натпревари, ја имаме следната бодовна состојба:
Во кугланата “Мусандра” во Градскиот трговски центар се одигра дербито на колото помеѓу екипите на Работнички и Вардар 2014. Во крајно неизвесен и

Пронајдете не на следниве мрежи: