Жито Маркети отворија нов дисконт во скопската населба Драчево

Малопродажниот ланец Жито Маркети денеска го отвори својот најнов продажен објект во скопската населба Драчево. Маркетот со концепт на дисконт е со вкупна продажна површина од околу 200 метри квадратни, лоциран е на улицата Иван Хаџиниколов 20 (поранешната улица Ратко Митровиќ), има сопствен паркинг, а ќе функционира со две наплатни каси.„На жителите на Драчево, им нудиме концепт на малопродажен објект со пониски цени. Отвораме дисконт продавница што соодветствува со барањата и потребите на современиот потрошувач. Жито Маркети со секој новоотворен објект останува доследен и ја применува својата веќе докажана политика – понуда и услуга во согласност со високите стандарди на компанијата како и исполнување на барањата на купувачите“, изјави Далибор Ѓошевски, генерален директор на Жито Маркети.
На денот на отворање, за купувачите беа достапни голем број промоции, дегустации, продажни акции, подароци и гратис производи. Работно време на маркетот ќе биде седум дена во неделата, од понеделник до сабота од 07.00 часот до 21.00 часот, додека во недела и во празнични денови, маркетот ќе работи од 08.00 до 14.00 часот.
Овој објект на Жито Маркети во скопската населба Драчево ќе овозможи осум нови вработувања.
„На жителите на Драчево, им нудиме концепт на малопродажен објект со пониски цени. Отвораме дисконт продавница што соодветствува со барањата

Пронајдете не на следниве мрежи: