Учесниците на флеш мобот 6 месеци вежба различни танцови точки и кореографии, а за целото време Витаминка им излегуваше пресрет безрезервно давајќи им ја својата поддршка и дел од своите производи.Центарот за младински активизам КРИК и прилепската компанија Витаминка, како главен поддржувач, во петокот на 24-ти октомври, по повод октомври – месецот посветен на лицата со Даунов синдром, во City Mall организираа интересен флеш моб на кој главни учесници беа лица со Даунов синдром.
Учесниците на флеш мобот 6 месеци вежбаа различни танцови точки и кореографии, а за целото време Витаминка им излегуваше пресрет безрезервно давајќи им ја својата поддршка и дел од своите производи. Резултатот беше своевиден спектакл. Посетители во City Mall беа воодушевени од одличната танцова изведба на лицата со Даунов синдром чиј флеш моб вистински ги изненади сите присутни.
Нивната енергија, посветеност и ентузијазам беа повеќе и од очигледни. Со овој настан покажаа дека нивното вклучување во општествените активности не треба да биде табу тема. Компанијата Витаминка на овој начин повторно ја покажа својата општествено одговорна страна, ја продолжи низата на донации од таков тип и со придонесот ги мотивираше лицата со Даунов синдром да бидат одлични во својата изведба.
Центарот за младински активизам КРИК и прилепската компанија Витаминка, како главен поддржувач, во петокот на 24-ти октомври, по повод октомври – м