Нов успех на најголемиот пливачки маратон во Македонија со поддршка на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија

Годинашниот 28-ми Охридски пливачки маратон, како дел од ГРАН ПРИ серијата на меѓународната пливачка организација ФИНА, го потврди врвното реноме со бројот и квалитетот на учесници и со интересот кај публиката.Годинашниот 28-ми Охридски пливачки маратон, како дел од ГРАН ПРИ серијата на меѓународната пливачка организација ФИНА, го потврди врвното реноме со бројот и квалитетот на учесници и со интересот кај публиката.
Традиционалната соработка и поддршка на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија како долгогодишни генерални спонзори на Охридскиот пливачки маратон, придонесе за целосниот успех на нашата најголема пливачка манифестацијата.
Маратонската трка во конкуренција од вкупно 22 учесника од земји како: Канада, Аргентина, Бразил, Казахстан, Русија, Италија, Франција, Белгија, Шпанија, Хрватска, Чешка и од Македонија, стана веќе синоним на спортскиот дух и истрајноста.
Патеката „Климе Савин“ долга 30 километри од Свети Наум до Охрид, прв ја исплива во машка конкуренција Брајан Рикеман од Белгија со време од 5 часа и 41 минута, а „рамо до рамо“ со него стаса нашиот Евгениј Поп Ацев, освојувајќи го второто место со разлика во стотинки. Третото место го освои Жоан Едел од Франција. Во женска конкуренција прва стаса Сили Рибарова од Чешка, потоа Пилар Геихо од Аргентина, а трета Ана Манкевич од Русија. Главните награди свечено им ги врачи на победниците Претседателот на Република Македонија г. Ѓорге Иванов.
Успешната организација и реализација на Охридскиот пливачки маратон, е вистинска промоција на нашата спортска традиција и култура. Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија и во иднина остануваат на страната на развојот на спортот и врвните достигнувања.Годинашниот 28-ми Охридски пливачки маратон, како дел од ГРАН ПРИ серијата на меѓународната пливачка организација ФИНА, го потврди врвното реноме с

Пронајдете не на следниве мрежи: