Сведоштва на протераните Македонци од Егејскиот дел на Македонија – 1 дел

Документарната трилогија „Сведоци“ ја раскажува приказната за протерувањето на Македонците од Егејска Македонија, овој пат видена низ очите на македонската емиграција во Канада. Во филмот дефилираат повеќе од седумдесетина соговорници, што го прави раритетен во македонската филмска продукција.Филмот е реализиран од интервјуата снимени во Канада во 2011 година, во рамките на владиниот проект со кој раководи Кинотека на Македонија: „Евидентирање, фотографирање, снимање и архивирање на видеоматеријали и разговори со Македонци протерани од Егејска Македонија во 20 век“.
По Балканските војни, според Букурешкиот мировен договор од 1913 година, територијата на Егејска Македонија ѝ се доделува на Грција и од тогаш започнува најтешкиот момент во историјата за македонското население на овие простори. Со бескрупулозни и насилни методи во периодот 1913 – 1928 година, грчките власти ќе спроведат колонизаторска политика врз Македонците со што ќе го сменат етничкиот карактер на целата област. За време на Граѓанската војна во Грција (1945-1949) дури 14.000 Македонци ќе застанат да се борат во редовите на ДАГ, но тоа ќе се одрази уште покатастрофално врз Македонците со нов бран на насилни протерувања, ѕверски убиства и мачења од страна на грчките монархо-фашистички власти.
Слушнете ги сведоштвата на протераните Македонци:Филмот е реализиран од интервјуата снимени во Канада во 2011 година, во рамките на владиниот проект со кој раководи Кинотека на Македонија: „

Пронајдете не на следниве мрежи: