Горазд Росоклија: Александар Македонски не е ни грчка ни македонска сопственост

Познато е дека се до почетокот на 3 век (пне), грчките филозофи и воопшто Грците, го делеле светот на Грци и оние што не се Грци, т.е. барбари, луѓе кои велат,,бар-бар“, или луѓе чии говор е неразбирлив.Во 3 век (пне), Зено (334-262 пне), грчки филозоф од феникијско потекло, основач на Стоицизмот, искажува револуционерна идеја, дека сите луѓе се еднакви и треба да живеат во заедништво и слога.
Сер Вилијам Вудторп Тарн (Sir William Woodthorpe Tarn 1869-1957), е веројатно најславниот историчар, проучувач на Александар. Тој во своите студии го прикажува Александар не само како најголем војсководец во историјата на човечката цивилизација, туку и како социјален филозоф кој на човештвото му го дава идеалот за еднаквост и заедништво на сите луѓе, независно од расата или верувањата, многу пред Зено.Тарн го анализира сегментот на молитвата на Александар која ја изговорил во Опис (Персија) за време жртвувањето и заедничката молитва на која присуствувале 9.000 гости.
Зборовите изговорени од Александар се запишани од неговиот генерал Птоломеј кој подоцна ќе владее со Египет и ќе ја основа Македонската династија, а ни ги пренесува Ариан, Грк, римски историчар кој имал можност да ги прочита оригиналните записи на Птоломеј, денес исчезнати.
Еве дел од молитвата, на грчки, англиски и македонски:Eucheto de ta te alla Agatha_______________________________________________He prayed (for) other good thingsТој се молеше за други добри нештаkai homonoian te kai koinonian________________________________________________and (for) homonoian and (for) a partnership и за хомоноиан и за партнерствоtes arches tois te Makedosi kai Persais_________________________________________________of rule for Macedonians and Persians
Во владеењето на Македонците и ПерсијцитеТој се молеше за други добри нештаи за хомоноиан (единство во умот и срцата) и партнерствово владеењето на Македонците и Персијците.
Тарн после исцрпна научна анализа, особено за значењето на зборот хомоноиан (единство во умот и срцата) ги изведува следниве заклучоци за ставовите (филозофијата) на Александар:
1. Прво, Господ е заеднички татко на луѓето, што може да се нарече човечко братство
2. Второ, сонот и визијата на Александар е, сите раси на луѓе, до тој момент нему познати, да бидат еднакви и да живеат во заедништво.
3. Трето, исто така содржано во неговите сон и визија е, дека сите луѓе во неговата империја, треба и можат да живеат како партнери, не како субјекти.Клучно е да живеат во ,,хомоноиан“, т.е. во единство на умот и срцата, во заедничко владеење со земјата.
Александар не е македонска или грчка сопственост. Тој им припаѓа на сите оние кои можат да најдат инспирација во неговата личност.
Фактот дека се родил, се воспитал, се едуцирал и се инспирирал тука, на Балканот, кај што сме родени и ние,треба да не поттикне да се стремиме кон врвот, затоа што врвот се освојува, никому не е даден со самото раѓање.Нација на такви луѓе, е партнер со светот, не субјект.
Литература:W.W. Tarn, Alexander the Great, Vol II, ,,Sources and Studies” (Cambridge, 1948)Во 3 век (пне), Зено (334-262 пне), грчки филозоф од феникијско потекло, основач на Стоицизмот, искажува револуционерна идеја, дека сите луѓе се ед

Пронајдете не на следниве мрежи: